19 Декември, 2025
0.0382

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Објавено во: Мои пари 04 Октомври, 2024 12:22

Добивај вести на Viber

Во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ утре (5 октомври) ќе се одржи првата работилница против врсничко насилство организирана во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Почетокот е закажан за 18 часот, а на оваа средба родителите ќе можат подетално да се запознаат со проблемот со булингот и да дознаат како е најдобро да се справат доколку се соочат со ваква ситуација.

Вакви работилници „Макпетрол“ ќе организира во ситеопштини што се приклучија на „Крени глас против врсничко насилство“. Овие едукативни средби ќе ги предводи популарниот актер Сашко Коцев, а за стручниот аспект ќе биде задолжен психологот Деспина Стојановска, која изминатава година на оваа тема работеше со учениците низ цела Македонија. На утрешната работилница свои искуства ќе споделат и членови на стручните служби од основните училишта во Општина Центар.

Ученици во повеќе од 150 училишта изминатава година се здобија со знаења преку работилниците овозможени од „Макпетрол“. Неофицијалните проценки велат дека помеѓу 35,000 и 45,000 деца учествуваа во овие едукативни средби. На кампањата се приклучија македонски 26 општини кои што дадоа поддршка за вредностите и промените кои што компанијата се обидува да ги поттикне во нашето општество.

Уште самиот почеток, вебсајтот kreniglas.mk е централен елемент на кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“. Платформата изобилува со информации преку кои што пренесуваат најразлични знаења за булингот. Тие можат да придонесат во изнаоѓањето пристапи и решенија на проблемот со врсничкото насилство од кое што најмногу се засегнати децата, а во целиот процес особено важна улога играат и родителите и наставниците. Секој што се соочил со овој проблем на оваа интернет-страница може анонимно да ја сподели личната приказна, додека преку интерактивен квиз можат да откријат какви познавања имаат на темата.

Преку кампањата „Крени глас против врсничко насилство“, „Макпетрол“ исполнува еден од своите стратешки приоритети - општествената одговорност. Проектите со кои што се обезбедува поддршка на заедницата се дел од работата на компанијата во текот на целото нејзино повеќедецениско постоење. Младите и во иднина ќе бидат значаен дел од општествено одговорните активности на „Макпетрол“.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка