15 Декември, 2025
0.0593

Кој функционер назначен од Владата продаде две компании за соларни паркови?

Објавено во: Економија 20 Септември, 2022 19:22

Добивај вести на Viber

Трајче Ангеловски, генералниот директор на Аеродроми на Република Северна Македонија, акционерско друштво во државна сопственост, продал две неизградени фотонапонски електроцентрали на етаблирани фирми во македонскиот бизнис.

Од овој месец, функционерот од Крива Паланка заедно со својот сограѓанин Иле Пешевски како втор косопственик ги отстапиле уделите од Енерго Солар Систем Доо Куманово.

Превземачи се Хромак и УПМ-Груп кои се најпознатите градежни компании во Куманово, понатаму „ИНТ“-Трејд, најпозната текстилна компанија од Кочани и Централ Инвест, компанија која се занимава со обновливи извори на енергија. Нов управител на Енерго Солар Систем Доо Куманово е познатиот кумановски бизнисмен Бобан Спасовски.

Истиот период Ангеловски, заедно со партнерот Пешевски, го продале Енерго Солар Панел Дооел Крива Паланка на Конструктор Доо, позната градежна компанија од Скопје која е позната по тоа што во изминатите години добива поголеми и помали тендери на централно и локално ниво. Сопственикот на Конструктор Доо, Сашо Ивановски, е нов управител.

- На моjа инициjатива а и во согласност со моjот содружник со коj ги основавме правните лица, постигнавме согласност да ги продадеме и истите имаат нови сопственици на кои им посакувам успех во понатамошната работа.

Би сакал да ве исправам во вашето прашање дека во моментот на купопродажба на уделите, нема изградено фотонапонски централи, туку само земjиште. Во однос на новите сопственици, како и нивните планови со правните лица, не би било етички jас да коментирам, а истите можат да се проверат во тековните состоjби во CРМ, ни одговори Ангеловски.

Тој додава дека двете фирми се уште ја немаат потребната лиценца за производство на електрична енергија.

- Двете правни лица во моментот на купопродажба беа во постапка на урбанизациjа т.е немаше ни одобрение за градба, додава Ангеловски.

Владата во ноември 2020 на Надзорниот одбор  на друштвото за аеродромски услуги му препорача за член на Управниот одбор да го избере Ангеловски, со што практично го назначи за прв човек.

Во последно време странски инвеститори купуваат македонски компании кои веќе имаат купено земјиште со намена изградба на соларни паркови и ги имаат започнато процедурите за добивање дозволи за работа.

А.К.



Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден