Функционални и модерни станови за сечиј вкус во Станбен Комплекс Маврово
Објавено во: Мои пари 28 Февруари, 2017 15:41
Во еден од најубавите предели во Македонија, е сместен Станбениот Комплекс Маврово, инвестиција на Пелагонија АД Гостивар. Маврово е една од најдобрите дестинации во Македонија која нуди сѐ што ни е потребно кога сакаме совршен планински одмор. Побрзајте и искористете ја можноста да купите еден од неколкуте преостанати апартмани по неверојатно ниски цени и имајте ваш личен простор каде ќе го поминувате секој викенд, празник, или пак било кој ден од годината кога и да посакате.

Станбениот комплекс се протега на површина од околу 6000 метри квадратни, со голем паркинг простор околу самиот објект, како и посебен дел наменет за станарите да ја остават својата спортска опрема и притоа да бидат сигурни дека ќе биде безбедна. Во склоп на комплексот, обезбедено е место за приготвување на скара и организирање на пикник, семејни и пријателски собири.

Објектот располага со 105 апартмани со квадратура од 30 до 50 м2. Еднособните станови вклучуваат кујна, дневна соба и бања, а останатите вклучуваат дневна соба, спална, бања и кујна. Изложеноста на апартманите во зависност од големината и позиционираноста може да биде кон езерото или кон планината, така што секоја страна и секој агол од комплексот нуди поглед во бескрајот на природната убавина:
- Стан Тип Б - од 32,5м2 + 2,9м2 тераса на приземје, со поглед кон планина.
- Стан Тип Б - од 32,5 м2 + 2,9м2 тераса на 1 кат со прекрасен поглед кон синилото на езерото.
- Стан Тип А - од 47,1м2 + 2,9м2 тераса на 4 кат (поткровје), со поглед кон зеленилото на шумата.
- Стан Тип А - од 47,1м2 + 2,9м2 тераса на 4 кат(поткровје) со поглед кон Мавровско езеро.
- Стан Тип Ѓ - од 50,5м2 + 5,8 м2 тераса на 2 кат, со прекрасен поглед кон шумата.
- Стан Тип Ѓ - од 50,5м2 + 5.8 м2 тераса на 4 кат(поткровје) со поглед кон Мавровското езеро.
Целиот објект е направен по највисоки стандарди, енергетски е ефикасен, а има и своја трафостаница. Апартманите се опремени со висококвалитетен ламинатен паркет Кронтекс произведен во Германија и високо квалитетни увозни керамички плочки. Станбениот комплекс има 5 типови на апартмани распоредени на 5 ката. Изложеноста на апартманите во зависност од големината и позиционираноста може да биде кон езерото или кон планината, така што секоја страна и секој агол од комплексот нуди поглед во бескрајот на природната убавина. Придржувајќи се кон принципот на комплетна услуга и работејќи по методот на дизајн, изведба и уредување до “клуч на рака”, идните сопственици на овие станови ќе добијат целосно опремен дом со сите неопходни елементи и содржини, освен финалното опремување на домот со мебел.
За повеќе информации посетете ја веб страната на комплексот www.stanovimavrovo.mk, фејсбук страната https://www.facebook.com/stanbenkompleksMavrovo/ или пак контактирајте го тимот за продажба на 078 30 30 59.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




