26 Ноември, 2024
0.0255

„Фустани со џебови“ на Халкбанк избрана од AmCham за една од најдобрите општествено одговорни практики

Објавено во: Мои пари 26 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Платформата „Фустани со џебови“ на Халкбанк АД Скопје, со која се дава поддршка на женското претприемништво, е избрана за една од најдобрите општествено одговорни практики од страна на Американската стопанска комора (AmCham) во рамките на проектот Partnership 4 Giving. Плаформата на Халкбанк е еден од петте проекти, кои добија посебно признание од комората за квалитетна и успешна општествно одговорна практика. 

Халкбанк АД Скопје веќе една ипол година гради успешна приказна за поддршка на женското претприемништво, промовирајќи ја истовремено својата заложба за рамноправност и финансиска слобода на жените. Преку креираниот „Пакет за жени“ што е дизајниран да одговори на различните потреби на микро, малите и средните претпријатија каде сопственици или менаџери се жени,  банката веќе им овозможи успешен бизнис на голем број клиентки во земјата.

Преку платформата, Халкбанк реализира и низа настани, кампањи и поддршки. Почнувајќи од хуманитарните акции поврзани со продажба на „Фустаните со џебови“, преку пласирање на кампањи за финансирање на женските бизниси, па се до организирање и давање поддршка на низата настани наменети за вмрежување и овозможување на меѓусебна поддршка на жените, Халкбанк заедно со својот партнер Мастеркард, ја подигнаа на повисоко ниво свеста и перцепцијата за финансиската моќ и слободата на жените во земјата.

Проектот Partnership 4 Giving, кој AmCham го имплементира во рамките на USAID програмата, има за цел покренување колективна акција која ќе обезбеди позитивен ефект и ќе развие одржливи перспективи за корпоративна филантропија промовирајќи  ги позитивните приказни на компаниите кои служат како пример за бизнис заедницата на полето на корпоративна одговорност.

пр објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Финале на EPICA за Just Add Coca - Cola и агенцијата Њу Момент

Финале на EPICA за Just Add Coca - Cola и агенцијата Њу Момент

„Замисли нов свет“, театарски проект инициран од Телеком во соработка со МНТ

„Замисли нов свет“, театарски проект инициран од Телеком во соработка со МНТ

Зима без настинка со Gorenje: Напиток кој секојдневно го зајакнува имунитетот

Зима без настинка со Gorenje: Напиток кој секојдневно го зајакнува имунитетот

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

"ЦРН ПЕТOК" шопинг треска – Како да профитирате од Амазон и eBay?

"ЦРН ПЕТOК" шопинг треска – Како да профитирате од Амазон и eBay?

Шанса за деца од ранливи категории да го откријат ракометот

Шанса за деца од ранливи категории да го откријат ракометот

Иднината на платежните решенија е веќе тука НЛБ Банка, прва банка со онлајн сервис за плаќање преку линк

За повеќе забава со А1 припејд: Нов месечен припејд пакет со 50GB преку Мојот А1

За повеќе забава со А1 припејд: Нов месечен припејд пакет со 50GB преку Мојот А1