„Замисли нов свет“, театарски проект инициран од Телеком во соработка со МНТ
Објавено во: Мои пари 26 Ноември, 2024
Македонски Телеком ги заокружува активностите од иницијативата #НаправиМесто со уникатен театарски проект насловен „Замисли нов свет“, создаден како колаж од делата на Горан Стефановски, во соработка со Македонскиот народен театар.
Направи место
Со иницијативата #НаправиМесто, Телеком ја отвори темата за предизвиците со кои се соочуваме како општество и повика на нивно надминување и на вистинско поврзување меѓу луѓето. Во текот на годината беа реализирани низа проекти на оваа тема, се приклучија голем број значајни личности, се адресираа многу проблеми, се отворија чувствителни теми и се работеше на прифаќањето на разликите меѓу луѓето. Иницијативата се поврзува со пораките од делата на еден од нашите најголемите драмски автори – Горан Стефановски, коишто се врежани во нашата меморија и се подеднакво силни и вистинити и денес.
Замисли нов свет
Театарскиот проект „Замисли нов свет“ ги оживува зборовите на Стефановски за вечните вредности како што се човечноста, разбирањето и поврзаноста, квалитети што често се губат во денешното секојдневие.
Оваа претстава не само што ги заокружува активностите на иницијативата #Направи место, туку е и поддршка на трајните вредности и на уметниците коишто оставиле безвремен белег во нашата култура.
Прочитајте повеќе на: www.telekom.mk
ПР објава* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.