Добивај вести на Viber
Раководството на Градскиот трговски центар во Скопје, го поништи огласот за избор на идејно решение за фасадно обликување на трговскиот. До завршувањето на огласот беше поднесена само една понуда од група архитекти, чие име засега не се открива. Жири комисијата составена од тројца професори, речиси цел месец вршеа ревизија на единственото понудено идејно решение, кое предвидуваше фасадата на на ГТЦ да биде со футуристички елементи, односно стаклена фасада. Токму поради тоа што на огласот се јавило само едно Архитектонско друштво, конкурсот е поништен.
„Огласот го поништивме со образложение дека нема конкурентност при одлучувањето, поради фактот што имаше пристигнато само една понуда. Мислам дека за еден таков голем објект потребно е да има повеќе избор односно различни понуди, и да има меѓусбна конкуренција. Засега нема да ја објавуваме рецензијата од жири комисијата. Вчера веќе објавивме нов оглас, кој ќе биде по скратена постпка, односно ќе трае 45 дена. Ова Архитектонско друштво со малку изменет проект има право повторно да конкурира и на овој оглас. Стилските правци кои треба да ги содржи идејното решение, и во овој оглас остануваат исти, значи футуризам, неокласицизам, барок“ вели директорот на ГТЦ,
Аго Абазовски.
Дел од условите на конкурсот, се идејното решение да понуди оргиналност и примена на современ архитектонски израз за обликување со високи естетски, функционални, конструктивни и технички вредности почитувајќи го значењето на објектот и неговиот идентитет, успешно функционално решение кое ќе биде ариткулирано со постоечкиот објект, почитување на програмските барања.
И со овој конкурс се предвидени три парични награди. Прво наградениот ќе добие 180.000 денари, втората награда изнесува 150.000 денари и третата 50.000 денари. Освен фасадно обликување, идејното решение треба да понуди и проект за надградба на трговскиот со уште еден спрат, на кој би имало деловни простории, хотелско сместување, спа-центри, игротеки. Трговскиот е планирано да биде од затворен тип, по принципот на мол-систем.
Јавниот конкурс за идејно решение за промена на фасадата на ГТЦ беше објавен во јуни годинава, кога се изгласаа и измените на Деталниот урбанистички план Мал Ринг, донесен од општината Центар. Бидејќи сите измени што ги претпре овој план беа во насока на тоа фасадите на објектите да се вклопуваат во амбиентот, односно да бидат во согласност со проектот “Скопје 2014”, се претпоставуваше дека и овој објект ќе биде со неокласицистичка фасада. Тогаш бурно реагираа архитектите, кои дури беа револтирани што воопшто ќе се менува ликот на едн ваков култен објект за скопјани. Раководството на ГТЦ и тогаш изјави дека преферира ГТЦ да биде со стаклена фасада.
С.Ј