ФЗОМ отвори истурен шалтер во Поликлиника Чаир
Објавено во: Мои пари 09 Мај, 2013 15:00
Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска го пушти во употреба истурениот шалтер во Поликлиниката Чаир при ЈЗУ Здравствен дом Скопје.
Осигурените лица, здравствените установи, избраните лекари, како и обврзниците за плаќање здравствен придонес (фирмите) од овој шалтер ќе добиваат различни услуги, како пријави – одјави за здравствено осигурување, прием на ИЛ обрасци, печатење на сини картони, одјава/пријава од матичен лекар, потврди за платен придонес, потврди за ослободување од партиципација во цената на здравствените услуги за крводарители и лица со посебни потреби.
На пуштањето присуствуваа директорите на Фондот Јован Грповски и Џемали Мехази и на Здравствен дом Скопје Татјана Баевска-Вучковиќ.
Директорите сметаат дека отворањето на шалтерот ќе ги приближи услугите на граѓаните и ќе овозможи брзо, ефикасно и навремено добивање на услуги од Фондот, а со тоа ќе им овозможи на граѓаните заштеда на пари и време.
Истурениот шалтер на ФЗОМ во Чаир е трет од ваков вид, по Драчево и Ѓорче Петров. Треба да покрие голема територија и околу 65.000 граѓани и 70 приватни здравствени установи и аптеки.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





