Гацов: Singular прави силен продор со иновативни софтвери за игри на среќа
Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2019 06:45
Пред неколку месеци компанијата Singular беше номинирана за најиновативен софтвер во iGaming индустријата на светско ниво, а сега иновативните решенија кои ги нуди привлекоа глобален инвестициски фонд да купи 20 отсто од компанијата. Во разговор за Фактор, Дарко Гацов од Singular вели дека компанијата која е меѓународна планира да се шири и во регионот, но и пошироко во светот. Нејзина примарна дејност се игрите на среќа, додека тимот во Македонија развива софтвер за спортско обложување.

Како ќе влијае оваа инвестиција врз вашето работење?
Гацов: Целта останува иста, односно иновативни и стабилни решенија кои можат да се носат со конкуренцијата на светско ниво. Сепак, инвестицијата отвара многу нови врати за Singular. Фондот има инвестициско портфолио во компании кои оперираат во комплементарни индустрии на нашата. Па така, приклучувањето на Vereeni Investments во сопственичката структура на Singular отвара можности за ширење, не само на мрежата на клиенти, туку и соработници. Ова очекувам да иницира поголема динамика, односно едно побрзо темпо на работа.
Какви се вашите планови за во иднина?
Гацов: Веднаш после комплетирање на инвестицијата, на крајот на годината која измина почнавме со формирање на нова канцеларија на Singular во Талин, Естонија. Тоа ќе биде дополнително продуктно и сервисно засилување на глобалната стратегија и идните планови за развој и раст на Singular. Покрај Азија, Африка и Латинска Америка каде имаме големи планови и голем интерес за соработка, еден од плановите во наредниот период ќе биде да воспоставиме соработка и во нашиот регион. Ја следиме ситуацијата на Балканот и во Македонија и од регулативна и од оперативна перспектива. Како човек кој е директно одговорен за ширењето на Singular во Македонија, лично би ми било посебно драго да помогнеме во правилното градење на оваа индустрија и во нашата земја.

Singular е меѓународна компанија, но присутни сте и во Македонија. На што сте фокусирани во земјава?
Гацов: Примарната дејност на Singular се игрите на среќа, додека тимот во Македонија развива софтвер за спортско обложување. Навидум едноставно, но многумина би биле изненадени од многубројните функционалности на решението. Целиот процес на развој на софтверот се случува во Македонија, од анализа на глобалниот пазар, R&D процесите, па сè до финалната изработка односно програмирање, тестирање и испорака на производот.

Каков профил на луѓе вработувате? Колкав е бројот на кадри од Македонија кои се дел од интернационалната компанија Singular?
Гацов: Тимот во Скопје брои повеќе од 40 луѓе и постојано расте. Тимот се состои од програмери, софтвер тестери, DevOPs инженери, проектни менаџери, бизнис аналитичари и слично. Со новата инвестиција, како што веќе споменав, очекувам темпото на работа да се зголеми, а со тоа и потребата за уште поголем тим. Нас ни треба талент кој има потенцијал да размислува креативно, да допринесе за креирање на нови начини на фукционирање на производот, но и еден иновативен пристап во неговото развивање.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




