Галеника организира забава за деца во Градски парк
Објавено во: Мои пари 22 Септември, 2022 10:56
Компанијата Галеника во сабота во Градскиот парк во Скопје од 12 часот организира забава за деца „Здраво Есен“. Два часа исполнети со забавни активности, музика и многу награди ве чекаат на Школка во парк за да го прославиме почетокот на есента.
За најмладите Галеника организираше мини ликовна колонија каде дечињата ќе редат колажи или ќе го цртаат „Здравко – здрав како лав“, додека оние со спортски дух ги очекува ракометен гол, каде Здравко ќе се обиде да ги запре ударите со топка од младите ракометни таленти.
Македонскиот шампион во решавање Рубикова коцка Ристо Чешмеџиевски ќе открие тајни како полесно и побрзо да ги подредите боите на магичната коцка.
За оние кои сакаат да споделат убави фотографии и видеа на социјалните мрежи има специјални изненадувања.
За добро расположение од 12 часот концертот стартува со музичкиот избор на DJ Mats, кому ќе му се придружи и младиот пејач Пајак од Охрид.
Од 13 часот забавата ќе продолжи со Антониа Гиговска и нејзиниот бенд.
Ваша Галеника ве очекува да се дружиме и забавуваме. Посветени на луѓето, верни на здравјето.
ПР ОбјаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




