18 Декември, 2025
0.0531

(ГАЛЕРИЈА) Фибула Група прослави 20 години постоење во луксузниот Хотел Изгрев

Објавено во: Мои пари 06 Април, 2015 11:04

Добивај вести на Viber

Фибула Група - Туристичката мрежа која веќе успешно оперира на територијата на Македонија во три филијали, Охрид и Куманово и главното претставништво во Скопје викендов со претставници на националните канцеларии на Фибула Група од шест земји, како и партнерските тур-оператори од регионот прослави 20 години постоење и унапредување на туристичките можности.

Fibula Group

На дводневниот собир во хотелот Изгрев во Струга, на кој што учествуваа сите гости и медиумски куќи беа презентирани досегашните достигнувања на Фибула во унапредување на туризмот, од основањето до денес, како во Македонија, така и во регионот.

Пред повеќе од петстотини гости, соработници, туристички работници и бизнис партнери беа презентирани можностите на македонскиот влезен туризам. За туристичките капацитети на земјата и перспективите, пред гостите говореше претставникот од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, Маја Глигоровска.

„Работиме заедно со македонските туристички агенции и тур оператори да ги промовираме потенцијалите во туризмот кои Република Македонија ги поседува. Бројот на странските тур-оператори и партнери на Македонија во туризмот секојдневно се зголемува, а ова е еден од начините за да се прошири зборот за Македонија и потенцијалните тур-оператори лично да се уверат во убавините што Македонија ги нуди како туристичка дестинација“, изјави Маја Глигоровска од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

Fibula Grupa_20 godini nastan_Maja Gligorovska

Најголемата туристичка мрежа на Балканот, која што ги вклучува Фибула Турција, Фибула Босна и Херцеговина, Фибула Македонија, Фибула Косово, Фибула Романија и Фибула Србија, за прославување на својот дводецениски јубилеј ја избра Македонија и хотелот Изгрев, кој во 2014 година беше комплетно реновиран во хотел со 5 ѕвезди, како целосна и самостојна инвестиција на Групата.

„Изминативе две децении, напорно работевме, континуирано вложувавме во капацитетите на нашите тимови и бевме иновативни во изнаоѓање решенија за да ги промовираме туристичките капацитети во земјите во кои што функционира Фибула Група. За одбележување на 20 години постоење ја избравме токму Македонија, заради значењето што го има за нашата мрежа, една од првите отворени канцеларии што придонесе за растење на мрежата, покажаниот нагорен тренд во туристичките потенција и вредната инвестиција што ја вложивме во реновирање на хотелот Изгрев. Цврсто веруваме дека овој успешен јубилеј е само мотив за сите национални канцеларии на туристичката мрежа да продолжат со веќе докажаните успеси и одличната работа“, изјави г-дин Ајхан Мавису, Генерален менаџер на Фибула Група.

Fibula Grupa_20 godini nastan

Фибула е основана во 1995 година, со седиште во Анталија. Веќе во 1998 година, генералниот менаџер, г-дин Ајхан Мавису ја проширува мрежата на Фибула во земјите на Балканот, а од 1999 година вклучувајќи ја и Македонија. Работејќи како туристички оператор во земјите од регионот веќе 20 години, со повеќе од 150 вработени, Фибула во моментов е најголемата туристичка мрежа на Балканот.

Како туристички лидер во државата, со награди на најдобар туристички тур-оператор за 2011 и 2012 година, Фибула Македонија на годишно ниво организира над 30 чартер летови до Анталија, со над 5000 патници, потоа 115 чартер автобуси со 5600 патници до Грција, како и 5000 авионски билети и индивидуални и групни патувања со околу 2000 патници до Бугарија, Австрија, Дубаи, Сингапур, Бали, Куба, Малдиви и други атрактивни дестинации.

Фибула Македонија е лидер и во развојот и поддршката на македонскиот туризам со сместување од над 15.000 гости од Холандија, Германија, Белгија, Кина , Малезија и Турција.

Во 2014 година оваа група како што споменавме целосно го реновираше хотелот Изгрев, во хотел со 5 ѕвезди, како целосна и самостојна инвестиција на Фибула Групата.

На бреговите на величенственото Охридско Езеро, над кое се издигнуваат два прекрасни града , Охрид и Струга, на ова парче рај на земјата, помеѓу боровата шума хотелот Изгрев го пронајде своето место под небото на Македонија.

Овој луксузен хотел се протега на површина од 90. 000 м2 со приватна плажа од 500 м2 и е во непосредна близина и на двата града, само 5 км од Струга а 20 км од градот Охрид. Поврзан е со добра инфраструктура , а на само 15 км од хотелот се наоѓа охридскиот аеродром.

Со самото влегување во лобито на овој хотел, каде ќе бидете пречекани со топла насмевка и позитивна енергија, ќе се почуствувате добредојдени и како дома.

[gallery ids="153875,153876,153877,153878,153879"]

Може да се опуштите во лоби барот каде што ќе бидете послужени со разновидни пијалоци во удобна и релаксирачка атмосфера, уживајќи во погледот на езерото.

Со влегување во една од собите на хотел Изгрев ќе бидете обвиени со чуство на удобност и припаѓање. Сите ваши чуства ќе се рабудат од прекрасниот поглед на езерото и боровата шума.

[gallery ids="153854,153852,153851,153850,153849,153848"]

Сите соби се климатизирани и опремени со сеф, телевизор, мини бар, аларм систем, противпожарен систем, телефон, балкон, 24 часовна собна услуга и бесплатен интернет. Бањите се целосно опремени со када или туш кабина, фен козметика, бањарки, влечки...

Ако сакате да се почуствувате како крал - ќе ја добиета таа чест! Кралскиот апартман е со површина 100 м2 и со капацитет за 5 лица. Апартманот располага со дневна соба, две одделни спални соби со две бањи и тераса од 85 м2 со најубавиот поглед на езерото.

king-top-630x210

Ресторанот пак нуди широк спектар на храна од интернационалната кујна приготвена од врвни готвачи. На богатата шведска маса можете да го започнете денот избирајќи од разновидните јадења или едноставно да си порачете јадење со семејството.

dinnning3

dinining2

Спа центарот на хотел Изгрев е оаза на смиреност, релаксација и подмалдување.

sauna5-1000x562

Детокисфицирајте се во финската сауна уживајте ги благодатите на фитнес програмата или едноставно релаксирајте се во пространиот затворен базен уживајќи во поглед на езерото кој ќе ве остави без здив.

[gallery ids="153858,153859,153860,153862"]

Овој луксузен хотел овозможува различен тип на простории за состаноци, посебно дизајнирани и прилагодени за организација на конгреси и семинари. Од семинари и конгреси, гала вечери до свадби и фамилијарни прослави во сите големини и стилови се организираат секојдневно во нашиот конгресен центар . Конгресниот центар има површина од 1250 м2 и капацитет за максимум 1000 гости. Во зависност од потребите на клиентите може да се подели на три помали простории со различна поставеност. Нашите капацитети може да се прилагодат и за свадби, различни забави како и за деловни средби и состаноци и ексклузивни гала вечери. Конгресниот центар е адекватно опремен и нашиот персонал е секогаш на располагање да ви помогне во организацијата и да ви даде првокласна услуга.

[gallery ids="153863,153864,153865,153866,153867"]

Изграден на површина од 17 000 м2, Аква паркот на Хотел Изгрев е еден од најголемите аква паркови во регионот и единствен во овој дел на Македонија. Опремен е со удобни лежалки и чадори за сонце, модерна опрема и спасителска служба. Во рамки на аква паркот има и соблекувални од 240 м2, ресторан од 102 м2 и бар.

[gallery ids="153869,153870,153871,153872,153873,153874"]

На 500 м2 по должина на езерото се протега шеталиштето кое е достапно дирекно од хотелот каде што можете да спортувате или едноставно да се капете во кристално чистите води на Охридското езеро.

[gallery ids="153881,153882,153883"]

Хотел Изгрев ви гарантира пријатен престој без разлика дали престојувате поради бизнис цел или задоволство во современо и елегантно опкружување и најдобра услуга.

outdoor5-1000x562

Можеби ќе ве интересира

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!