28 Септември, 2024
0.0248

(ГАЛЕРИЈА) „25 години независна Македонија – Што научивме за македонската економија, како понатаму?“

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Конференција на тема „25 години независна Република Македонија - Што научивме за македонската економија, како понатаму?“ во организација на „Перспективи 2016“ се одржа денеска во Скопје.


 На конференцијата сакаме да ги слушнеме мислењата за стратешките економски прашања за иднината на Република Македонија и да се  истражи просторот за да се изгради консензус околу најважните економски прашања. Македонија е мала земја за да може да си дозволи да биде поделена меѓу другото и по стратешките економски прашања. Мораме да дефинираме црвени економски линии за кои ќе постигнеме консензус и кои ќе бидат приоритет на долг рок, рече Зоран Јовановски од бизнис магазинот „Економија и бизнис“, организаторот на денешниот настан, во поздравниот говор.

Тој посочи дека е неопходно да се чуе гласот на бизнисот и да се договориме какво општество сакаме, која е крајната цел,  кои се основните постулати во градењето на економските политики и да се оцени каква патека треба да заземе Македонија во однос на регионалното економско интегрирање.


Модераторот Глигор Бишев нагласи дека во изминативе 25 години во Македонија БДП кумулативно пораснал за 60 отсто, а БДП по жител од 7.500 пораснал на 14.600 долари.

– Стапките на реален раст на БДП беа доста варијабилни иако постои поврзаност со намалувањето на стапката на невработеност има каснење од две до три години кога растот се одржува и невработенста се намалува. Од друга страна  најмногу невработеноста паѓа кога имаме успорување на економскиот раст, рече Бишев.

Македонија, додаде, денеска има БДП по глава на жител кој е 32 отсто од просекот во ЕУ.

Гувернерот Димитар Богов порача дека идниот развој на  земјава треба да се базира на инвестициите и продуктивноста и додаде дека во иднина на пазарот на трудот ќе бидат барани занимањата поврзани со програмирање и инженерство. Доколку земјава не создава такви кадри не ќе може да се привлечат високопродуктивни индустриски гранки.


– Оваа година новите капацитети ќе имаат нето износ од 4 проценти од БДП. Факторите на растот се познати – работната сила, инвестициите, продуктивноста во поширока смисла. Мораме растот да го базираме на инвестициите и продуктиивноста. Занимањата кои денеска ги креираме за 15 години нема да бидат потребни затоа треба да размислуваме кои ќе бидат занимања на иднината, рече Богов.

Тој посочи дека мора да се создаваат работни места кои ќе бидат барани во иднината ако  сакаме да го задржиме чекорот на раст и да ја зголемуваме конвергенцијата кон развиените економии.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија