(ГАЛЕРИЈА) Бурна првата седница по крвавиот четврток во Собрание
Објавено во: Македонија, Галерија 30 Мај, 2017 15:23
Првата седница која што продолжи по паузата од еден и пол час досега се одвива во тензична атмосфера. Владеачката партија и идната опозиција си ги заменија столчињата. Пратениците од редовите на ВМРО ДПМНЕ седнаа на опозициските столчиња.
Пратениците од ВМРО ДПМНЕ и понатаму го обвинуваат спикерот и пратниците од СДСМ за кршење на деловникот и уставот.
Илија Димовски и по 15 часот продолжува да му се обраќа на спикерот со „колега“.
Претходно страстите пламнаа меѓу Милошоски и Џафери.
Меѓу присутните денеска во Собраниското столче е и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.
Мандатарот за премиер Зоран Заев изјави дека неговата влада ќе биде посветена за развој на економијата, јакнење на институциите и евроатланските интеграции.
„Наша цел е почеток на преговори со ЕУ во најкраток можен рок, како и членство во НАТО“, рече Заев образложувајќи ја програмата на владата пред пратениците во Собранието од кои побара поддршка.
По експозето во Собрание пратениците според деловникот, може да дискутираат до утре на полноќ, кога ќе се пристапи на гласање на новиот владин кабинет.
За поддршка на владата е неопходен 61 глас, а собраниското мнозинство, кое го сочинуваат СДСМ од македонскиот блок и ДУИ и Алијансата за Албанците од албанскиот блок има 62 гласа.
БЕСА реши да не биде дел од Владата на Заев бидејќи мандатарот не прифати редефинирање како барање на движењето на Билал Касами.



* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





