ГАЛЕРИЈА: Граѓаните масовно на марш во Скопје
Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2016
Во Скопје дојдоа голем број граѓани од другите градови од земјава за да се приклучат на опозицискиот марш со мото „Борбата продолжува, гласот победува“.
Тие се движат кон канцелариите на СЈО. Се слушаат звуци на „Бела Чао“, а насекаде се развиорени македонски знамиња.
„Ние граѓаните склучивме сојуз. Си го враќаме животот! Ја враќаме слободата! Маршираме против сиромаштијата, за повисоки плати, за работни места, за правда. Маршираме за граѓанскиот глас. Нашето оружје денес е гласот! ДА за живот во Македонија, НЕ за режимот“- пишува во повикот за овој марш.
Се очекува на маршот да се обрати лидерот на СДСМ, Зоран Заев.