17 Декември, 2025
0.0487

(ГАЛЕРИЈА) Има ли место за уметноста во Македонија?

Објавено во: Македонија 09 Мај, 2018 18:47

Добивај вести на Viber

„Клучните вредности на владината културна политика се слободата на творештвото, еднаквоста и универзалното добро, а најважните движечки принципи се пристапноста, учеството и еднаквите услови и права за сите. Поаѓаме од концептот на културна демократија, која го промовира учеството на сите граѓани во културата и во создавањето на културните политики“, се вели во описот на Владата за културното богатство и културата во Македонија.

Војо Цветановски претставува човек со креативна визија којшто е оддан на својата работа повеќе од 10 години. Уметник, актер, пантомимичар и поборник за поубава Македонија барем од аспект на уметноста. Пред неколку години кај него се роди идејата за СТАТУАФЕСТ, фестивал на живи статуи од цела Европа којшто требаше да го разубави градот барем на неколку дена вдахнувајќи му една поинаква енергија. Но, во тоа не успеа затоа што проектот не беше одобрен.

Го прашавме неколку работи и низ неговата призма добивме неколку одговори.

Културата во Македонија?

- Културата во Македонија како и сѐ останато е поделена на две фракции. Од една страна го имате кичот и турбофолкот кои земаа сериозен замав во последниве неколку години и од друга страна ја имате уметноста, која пак исто така е поделена на две фракции: Меинстрим и Алтернатива. Алтернативата, од каде што доаѓам и јас, за жал, речиси секогаш под ова небо е оставена на маргините, а со оглед на тоа што уметноста пред сѐ треба да претставува критички израз, а алтернативната уметност да биде најгласна и најслободна, тоа тука не е така. Точно од тие причини  не верувам дека некогаш ќе ù се даде вистинска можност да стане двигател на социјално-општествениот живот.

Твојата цел како уметник?

  - Борба за што посилна алтернативна сцена и алтернативен израз, а воедно и алтернативен начин на живеење.

Токму оваа дефиниција би се „отелотворила“ преку СТАТУАФЕСТ којшто за жал не доби шанса и беше одбиен од страна на Министерството за култура.

Тој вели дека не наиде на позитивен фидбек од Министерство поради естетскиот изглед на фестивалот:

- Образложението кое го добивме во писмена форма е дека нашиот проект не е доволно естетски и продукциски добар. Идеjата на Статуафест е покрај масивните зданија кои „никнаа“, низ Скопје да има и паралелна креативна приказна за време на овој фестивал кој би бил лоциран низ улиците на градот. Статуафест е единствен ваков проект, со ваква содржина понуден до надлежното министерство во оваа земја.

Кај нас оние кои оценуваат за тоа какви проекти ù се потребни на оваа држава одлучија дека Статуафест е вреден 0 (со букви нула) денари. Доволно јасно е кажано при доставувањето на решението дека Статуафест не се вклопува во националата естетика на оваа држава.

Кој одлучува за естетиката во уметноста и според кои критериуми се мери таа?

Од Министерство за култура ни одговорија дека поднесителот има право на жалба доколку не се согласува со решението.

„Во законската регулатива на Конкурсот за Годишната програма на Министерството за култура има предвидено рок од 15 дена за поднесување жалба до Комисјата, во случај апликантот да е одбиен и да не се согласува со решението. Во тек е процедурата на разгледување на жалбите, и доколу посочениот апликант има поднесено жалба, ќе биде разгледана и тој во најкус можен рок ќе добие соодветно образложение и одговор од Комисијата во дејноста каде што аплицирал“, стоеше во одговорот.

На што се надоврза Војо.

-Оваа одлука на комисијата единствено остави простор јас да одлучам како во иднина да се однесувам кон ваквите национални апликации кои според мене треба да бидат соработка меѓу две или  повеќе институции и да ја развиваат културата на многу позначително ниво од што е во моментов, рече тој.

Во продолжение погледнете слики како отприлика би изгледал тој “естетски неубав“ проект.



Можеби ќе ве интересира

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата