28 Март, 2024
0.0244

(ГАЛЕРИЈА) „Матурска парада“: Скопските матуранти го одиграа познатиот танц квадрил

Објавено во: Стил, Галерија 18 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Точно напладне на плоштадот „Македонија“ скопските матуранти го одиграа познатиот танц квадрил, како дел од годинашната „Матурска парада“.

Со нив истовремено танцувааи нивните врсници во Струга, Охрид, Струмица, Гевгелија и од Куманово. 

На македонските матуранти, пак, им се придружија и матуранти од 62 града во Босна и Херцеговина, Бугарија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Хрватска, Црна Гора. Во завршниот дел од оваа манифестација ќе биде и кажувањето на изјавата „Заклетва“ за ненасилство од страна на учесниците во сите градови во земјите во кои се одржува „Матурската парада“.

На тој начин не само што во исто време на иста музика во различни градови танцуваат младите, тие, генерациите што ќе го градат светот во иднина, во исто време од различни делови на Европа ја испраќаат пораката за ненасилство и толеранција. 

Организатор и носител на „Матурската парада“ за Македонија е Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, која оваа „Матурска парада“ ја реализира во соработка со танцовиот спортски клуб „Ритам плус“. Покровители на манифестацијата се градот Скопје и Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија. 



Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи