Галерија: Најстуденото село во светот каде жителите се радуваат на -35

Објавено во: Стил, Галерија 02 Декември, 2016 22:16
На далечниот Сибир, во руската република Јакутск се наоѓа Ојмјакон, најстуденото село во светот кое е постојано населено. Најекsтремните температури во текот на зимата достигнуваат -60 степени целзиусови, додека пак кога просекот се движи од -35 жителите се навистина среќни бидејќи за нив тоа е сосема подносливо и можат вообичаено да ги извршуваат своите секојдневни активности.
Ојмјакон се наоѓа во источниот дел на Сибир, на крајбрежјето на реката Индригирк, и од главниот град е оддалечено на дури 21 час возење со автомобил. Најниската измерена температура тука изнесува неверојатни -71,2 степени.
Ветер дува доста ретко, а годишно врне малку повеќе од 200 милиметри дожд. Сепак, од друга страна, температурите на лето може да досегнат и 20 до 30 степени, а највисока температура во тоа село биле во 2010 година. Тогаш живата во термометарот запрела на 34,6 степени.
Можеби ќе ве интересира
„МЕ ОПЕРИРАШЕ ВРВНА ДОКТОРКА, ПАЦИЕНТИТЕ ОД КОЧАНИ ГИ ЧУВААТ КАКО КАПКА НА ДЛАНКА“ - Весна Петрушевска направи реконструктивна операција, ова се деталите
