(ГАЛЕРИЈА) Прво „Фемили фото“ на премиерот и новите министри
Објавено во: Македонија, Галерија 01 Јуни, 2017 09:46
Откако пратениците ја изгласаа новата македонска влада со 62 гласа „ЗА“, 44 „против“ и 5 воздржани, новиот премиер Зоран Заев и министрите кои се дел од неговиот владин кабинет, положија свечена заклетва.

По свечената заклетва следеа честитки и таканареченото „фемили фото“ на кое се сликаат традиционално сите нови министри и премиер.

На првата изјава по изборот на новата влада Заев ја честита новата влада и побара поддршка од сите пратениците и од опозиционерите за рефоормите кои ќе следуваат .
По завршувањето на церемониите во Собрание, премиерот и министрите се упатија кон седиштето на нивната партија каде што беа дочека од толпа граѓани кои дојдоа да им дадат поддршка и да им ја честитаат новата влада.
Новото парламентарно мнозинство го сочинуваат СДСМ, и двете албански партии ДУИ и Алијансата за Албанците.
Освен Заев, кој е избран за премиер, новата влада има и три вицепремиери-Бујар Османи кој ќе биде задолжен за европски работи, Кочо Анѓушев кој ќе биде надлежен за економски прашања и Хазби Лика на кој му припадна подрачјето за политички состав и односи меѓу заедниците.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





