ГАЛЕРИЈА: СООБРАЌАЈКА НА НОВОПРОБИЕНАТА УЛИЦА ВО АВТОКОМАНДА: „Само се чекаше кога ќе се случи“, велат жителите
Објавено во: Македонија 04 Март, 2024
Изминативе неколку месеци, во општина Гази Баба во населеното место Автокоманда, беше пробиена нова улица, чија цел беше да го намали метежот во оваа скопска населба.
Со оглед на тоа што возачите возат пребрзо, а на улицата нема никакви успорувачи на сообраќај, денес на социјалните мрежи се споделуваат видеа од нималку наина сообраќајна несреќа, која се случила на крстосницата на „Новопроектирана 1“ со улицата „Ташкко Караџа“.
На улицата има сигнализација, па многу добро се гледа кои возила имаат предност а кои не, а дополнително, ограничувањето на брзината со знак е регулирано на 30 км/ч.
Жителите велат дека откако се асфалтираа улиците, сега по нив се вози прилично брзо, и тврдат дека прашање на време било кога ќе се случи поголема несреќа.ФОТО:Принтскрин Фејсбук