Добивај вести на Viber
Професорката Билјана Ванковска со став за годишниот говор на претседателката Гордана Силјановска Давкова, пто го одржа вчера во Собранието.
„Претседателката имала прво годишно обраќање пред Собранието. Не ја гледав, ама го прочитав говорот. Што да кажам освен: (многу) зборови, веќе слушнати фрази, никаква суштинска порака до нацијата бидејќи и ова е рециклирање на нејзината предизборна фразеологија…
Сепак, во очи ми падна цитирањето на Мисирков на крајот на говорот. Се сетив кога и таа беше дел на онаа иницијатива од 2018 кога “200-те” интелектуалци се обидовме да предупредиме што ќе значи промената на името. Тогаш, повикувајќи се наМисирков, го поставивме и прашањето: Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред ?
Таа не само што не дава одговор на таквото суштинско прашање туку повторно како папагал повторува: ЕУ, ЕУ, ЕУ! Избројте колку пати ја спомна во долгиот говор. Ок, за неа тоа била наша единствена и најпосакувана алтернатива. Но, дали некој од кабинетот или таа самата гледа во што се претвора ЕУ? Во воена машинерија, нефункционална и социјално и економски неспособна машинерија и вазал на САД.
Заклучок: како и досега!“, напиша таа.