(ГАЛЕРИЈА) Заев подготвен пред локалните избори, бара поддршка за ослободување од остатокот на режимот
Објавено во: Македонија, Галерија 09 Октомври, 2017 10:10
Македонија се менува, станува подобра и нема назад, изјави синоќа лидерот на владеачката СДСМ Зоран Заев, барајќи поддршка од граѓаните на локалните избори во недела, 15 октомври.
Заев во Скопје, на централниот предизборен собир на коалицијата „За живот во Македонија“ , истакна дека нема да ја изневери довербата на граѓаните.

„Денес барам поддршка, заедно да ја ослободиме Македонија од остатокот на режимот, да дојде добар живот во секое село, секој град...да изградиме слободни и развиени општини кои ќе ги поврзат граѓаните и ќе им ги вратат назад парите“, рече Заев.
Тој нагласи дека новата влада, на чие чело е тој, за четири месеци ја извлекоа Македонија од меѓународна изолација.
„Од Бугарија направивме пријател и сојузник за евроинтеграции. Ги стабилизиравме и унапредивме односите со Србија. Односите со Албаија и Косово не се на највисоко ниво и без отворени прашања. Имаме искрен дијалог со Грција. Македонија денес е пријател со соседите, земја која одлучно чекори кон НАТО и ЕУ“, порача Заев кој исто така изрази уверување дека Македонија ќе стане 30 земја членка на НАТО.
Како симбол на новото време, Заев најави дека, како што рече „тенкот“ на екс премиерот Никола Груевски, односно владиниот „мерцедес“ од 600 000 евра ќе биде продаден, а од тие пари ќе се купат амбулантни возила.
На 25 септември официјално почна кампањата за локалните избори кои се закажани за 15 октомври. Кампањата трае до 13 октомври, а изборниот молк почнува на 14 октомври.
Во прилог ви пренесуваме фотографии од синоќешниот митинг на владеачката партија во главниот град.























ФОТО: ФАКТОР
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





