ГАЛЕРИЈА: Заев вети дека ќе ги врати украдените пари на народот
Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2016
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на маршот пред Собранието денеска порача дека ова е марш на зрелост и иднина и дека украденото ќе се врати кај народот.
Вели дека граѓаните и партиите склучиле сојуз и борбата продолжува.
„И ние се кренавме, се броиме и ќе се избориме. Нашето оружје е нашиот глас. Потребна е свест за заедничката цел. Не е време за мали планови. Дојде време да бидеме одговорни за нас и за идните генерации. Овој граѓански марш ја покажува нашата одлучност. Маршираме за враќање на државата во рацете на граѓаните“ – рече Заев.
Вели дека маршираат за покрив над глава за секој човек, за здравство кое ќе лечи, за пристоен живот, за државен систем кој помага.
Заев порача дека 11 декември е датум кој ќе биде запишан со црвено.
На маршот се појавија уметници, новинари, голем број политичари, граѓани од повеќе градови.