(ГАЛЕРИЈА) Заев: Владата заедно со комесарот Хан прецизираше документ за реформите
Објавено во: Македонија, Галерија 26 Јуни, 2017 16:01
Владата на Република Македонија заедно со комесарот Хан прецизираше документ за реформите кои треба да се спроведат, изјави денеска премиерот Зоран Заев по завршувањето на разговорите со комесарот за проширување, Јоханес Хан и делегациите.
Заев објасни дека се работи за документ со име „Патоказ“, кој до 1 јули треба да се заокружи, односно да се комплетира и да се објави во јавност.
Вели дека во овој документ се вклучени владеење на правото, слободни медиуми, Рамковниот договор и извештајот на Прибе.
Заев очекува следната година земјите членки да се фокусираат на дискусија за влез на Македонија во Европската Унија. Премиерот ја повика опозицијата активно да се вклучи во спроведување на реформите.
„Доколку дејстуваме заедно успехот ќе биде заеднички и загарантиран“ - вели Заев.
Доколку реализирањето на реформите се одвива според планот, Европската Унија треба да даде позитивна оценка.
Хан порача дека е исклучително важно да се работи на реформската агенда која уште утре ќе биде потпомогната од експерти од ЕУ. Тој вели дека исполнувањето на итните реформски приоритети нема цел да ги задоволи земјите членки на ЕУ, туку да го подобри животот на граѓаните во Македонија. Хан попладнево ќе има средби со лидерите на политичките партии.
ФОТО ФАКТОР


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





