25 Ноември, 2024
0.0262

Галопира инфлацијата во Македонија, голем раст на цените во малопродажбата во мај

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Инфлацијата мерена во мај во трговската малопродажба во Македонија е зголемена за дури 5,8 отсто во однос на истиот месец од минатата година, објави Државниот завод за статистика. 

Според статистиката, поскапувањето минатиот месец на ниво на цела економија изнесува 4,5 проценти во однос на истиот месец претходната година. Станува збор за пораст на цени кои веќе забележале бран на зголемување во текот на минатата година.

За една година најголемо зголемување на цените има кај овошјето за 22 отсто, потоа шеќерот, чоколадите, медот, кај зеленчукот, млекото, сирењето, јајцата, лебот и житата. Скок на цената од 5,6 отсто има и кај алкохолот и тутунот, кај облеката и обувките, мебел, покуќнина, но и кај здравствените услуги. Транспортот поскапел за 10,3 проценти, ресторанските и хотелските услуги 8,5 отсто.

„Зголемувањето се должи на покачувањето на трошоците на животот во делот ресторани и хотели за 3,1 проценти, рекреација и култура за 2,1 процент, транспорт за 1,9 процент, облека и обувки за 1,5 процент, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1 процент, храна и безалкохолни пијалаци за 0,7 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје за 0,1 проценти“, објави ДЗС.

Намалување на цените во одредени дејности воопшто и да нема или пак тие се минимални.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“