Ганка Цветанова пишува за чист образ - на кого мисли?
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2018 09:41
Eкс министерката за култура, Ганка Цветанова го кажа својот став за гласањето за уставните измени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
„Најголемото наследство што можеш да му го оставиш на своето чедо е чист образ“, напиша Цветанова на својот Твитер-профил.

Цветанова претходно ја повика Канческа Милевска јавно да се произнесе дали ќе гласа за
уставните измени. Рече дека тоа го должи на македонската култура која ја застапуваше 11 години.
Премиерот Зоран Заев им се заблагодари на сите пратеници кои ги поддржаа уставните измени и, како што рече, „особено на храбрите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција кои го ставија интересот на државата над партиските интереси, и покрај големиот притисок од нивната партија“. Премиерот рече дека им ја гарантира сигурноста на пратениците и на нивните семејства. Тој потврди дека имало и други пратеници кои сакале да ги поддржат измените, но не соопшти нивните имиња.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




