Гаши: БЕСА никогаш нема да прифати платформа која е против граѓаните
Објавено во: Македонија 18 Март, 2017 17:24
БЕСА никогаш нема да прифати платформа која е против граѓаните на Република Македонија, изјави Африм Гаши од движењето БЕСА, во емисијата 360 степени на Алсат-М.
Гаши тврди дека тие нема да бидат дел од документ кој што ќе биде на штета на било кои граѓани во Македонија.
„Сакам да ги осигурам граѓаните Македонци и припадниците на другите заедници во земјата дека барем Движењето БЕСА никогаш нема да биде дел од некој документ кој ќе биде на штета на своите сограѓани. Колку што сме заинтересирани да воведеме добросостојба и реализација на Албанците во Македонија, исто толку сме заинтересирани и Македонците и другите етникуми во Македонија да се чувствуваат добро, спокојно и да бидат почитувани како лојални граѓани на оваа држава“ - изјави Гаши.
Гаши е убеден дека ДУИ уште е во игра со ВМРО-ДПМНЕ, а секојдневното менување на нивните ставови е сериозен индикатор за тоа. Според него, тие настапуваат конфузно.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




