Гаши има разбирање за блокадата од ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2024 20:33
Африм Гаши, лидерот на Алтернатива, која е дел од опозициската коалиција „Европски сојуз за промени“, во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 на прашањето дали има разбирање за блокадата од страна на ВМРо-ДПМНЕ за уставни измени, рече дека партијата „има право да го штити идентитетот на Македонците“.
„Мислам дека тоа е пропаганда (дека ВМРО-ДПМНЕ не е за членство во ЕУ). Не може да ставате ваши зборови во нечија уста. Една политичка партија својот идентитет го гради по тоа што го пишува во своите документи. И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се изјаснети дека се за Европа и за НАТО и тоа е добро“, рече Гаши.
Тој рече дека непишаното правило „победник со победник за формирање Влада“ не мора да е клучно, но вели дека предизборната коалиција чиј дел е неговата партија ќе ималегитимитет за да биде дел од идното владеачко мнозинство доколку ДУИ биде победен на парламентарните избори на 8 мај.
„Многу е добро да имате легитимитет. Тој што победил, тој има легитимитет. Но важен е и договорот за принципите и програмата со идниот партнер“, нагласи Гаши.
Претседателот на Алтернатива дополни дека не е важно само да се победи ДУИ туку и да се направи програма со добри идеи.„Прво сакам да објаснам еден феномен. Многу се потенцира моментот дека треба да оди ДУИ во опозиција. Ние не сакаме само некого да замениме, туку да направимеи добра програма. Работиме на многу квалитетна програма со конкретни решенија за зголемување на квалитетот на животот на граѓаните и платите.
Освен интеграцијата во ЕУ, прв приоритет ќе биде нов концепт за образование за да се подигне квалитетот. Ако мислиме стратешки за нашата држава и идните генерации, мора да се работи на заеднички концепт на обрзованието, а тоа е ургентно“, истакна Гаши.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




