ГАШИ: Се надевам дека Северна Македонија и Албанија во ист ден ќе станат полноправни членки на ЕУ

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2024 20:06
Собранискиот претседател Африм Гаши се надева дека Македонија и Албанија во ист ден ќе станат полноправни членки на Европската Унија(ЕУ).
Гаши се сретна со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, кој престојува во Скопје, во рамки на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Се согласија дека Северна Македонија и Албанија негуваат одлични меѓусоседски односи и искрено пријателство, иако, како што забележаа, секогаш има простор за уште поинтензивна комуникација на билатерален, но и на регионален план, како и во процесот на интеграција во Европската Унија.
Претседателот на Албанија изјави дека реформите што ги преземаат двете земји во однос на евроинтеграцијата не се само за остварување на критериумите на ЕУ, туку и за развој на земјите и за постигнување бенефити за граѓаните.
„Како носители на јавни функции, треба да бидеме фокусирани на сегашноста и на создавање подобра иднина, со цел на новите генерации да им оставиме развиен и просперитетен регион“, рече Бегај.
Гаши изјави дека приоритет треба да бидат и инфраструктурните проекти. На тој начин, како што рече Гаши, ќе се обезбеди подобро поврзување меѓу државите и граѓаните, како предуслов и за економско унапредување на регионот во целина.
Македонија и Албанија заедно чекорат на патот кон ЕУ.
фото Фејсбук/Африм Гаши
Можеби ќе ве интересира
ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАР: Ученици нападнале вработена во училиште

ВЕЛИ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ИСТОРИСКИ МОМЕНТ: Николоски кажа кога ќе го потпишат Договорот за стратешко партнерство со Британија

„ДЕНОВИВЕ ЌЕ СЕ ЗНААТ ИМИЊАТА НА МИНИСТРИТЕ И ЗАМЕНИК МИНИСТРИТЕ“: Касами за прегрупирањата, „Влен“ и официјално една партија

ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЃОРЃЕ ИВАНОВ ЌЕ РАБОТИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА - еве каков меморандум беше потпишан

„РЕШЕНИ СМЕ ДА СЕ СПРАВИМЕ СО КРИМИНАЛНИТЕ БАНДИ И ДА ГИ НАПЛАТИМЕ СИТЕ ДВАЧКИ КОН ДРЖАВАТА“: Николовски вели поднеле 85 кривични пријави

ПО ЗАМИНУВАЊЕТО НА ТАРАВАРИ: Еве ја пратеничката група на ВЛЕН

РОКОТ Е ШЕСТ МЕСЕЦИ, ПОТОА ЌЕ ВАЖАТ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Датум за старт на новите правила за влез во ЕУ, се уште не е познат

НА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ПРЕД ИЗБОРИ, ИЗМЕНИ ВО ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК: Уставен укина два члена, еве кои се тие

МАТУРАНТ ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО СТРУМИЦА: Се чека обдукцискиот наод
