20 Декември, 2025
0.0548

Гасификацијата „трка“ меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ

Објавено во: Македонија 18 Март, 2017 09:01

Добивај вести на Viber

Oткако вчера власта на ВМРО ДПМНЕ се пофали дека тече изградбата на магистралниот  гасовод Неготино – Битола, СДСМ која претендира да ја води новата влада реагираше и посочува дека досега власта имала 10 години за да ја гасифицира Македонија но досега ништо конкретно нема во овој поголед.

Од партијата на Заев велат дека сите домаќинства ќе добијат лесен и брз пристап до природен гас-нешто што СДСМ го вети во  Програмата на новата Влада.

Тие му порачаа на Груевски дека веќе никој не му верува и дека неговите ветувања биле празни, а негов интерес било само лично богатење.

Груевски по обичај се фали социјалните мрежи

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ за гасоводот Неготино – Битола пишува на Фејсбук. Вчера на терен излегоа надлежните министри Мисајловски и Пешевски заедно со Груевски.

Еве што напиша екс премиерот на Фејсбук:

„Можам да објавам дека во тек е градбата на гасоводот Неготино – Прилеп – Битола кој е капитален проект за илјадници граѓани и е во должина од 92 километри и вкупна вредност од 37 милиони евра. Овој гасовод ќе биде готов за околу 2 години, а во напредна фаза е и изградбата на гасоводот Штип – Неготино кој ќе биде готов до крајот на оваа година. Веќе е познато дека се работи и на гасоводот Скопје – Тетово – Гостивар. Со изградбата на гасоводот Неготино – Прилеп – Битола ќе се обезбеди гас за илјадници домаќинства. Тоа значи заштеда на семејните буџети преку добивање на исплатлив енергенс, стимулација и можност за поголема добивка на бизнис секторот, како и корист за земјоделските оранжерии кои ќе можат да го користат гасот по поевтина цена. Меѓудругото, гасификацијата е и значаен фактор за намалување на загадувањето на воздухот“, пиша Груевски .

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки