Газа: Загинаа 360 палестинци, настрадаа голем број деца
Објавено во: Свет 20 Јули, 2014 11:13
Најмалку 14 Палестинци утрово загинаа во појачаната израелска копнена офанзива на појасот газа, со што бројот на палестински жртви достигна 357.
Осудите особено го предизвикуваат фактот дека голем број деца загинаа во судирот кој започна пред 13 дена. UNICEF наведе дека најмалку 73 деца загинале досега, а во заедничкото соопштение на невладините организации е наведено дека се убиени повеќе деца отколку милитанти. Тринаесетиот ден на израелската операција Заштитна ивица против Хамас, која владее на таа палестинска територија, вкупниот број на загинати Палестинци достигнал 357.
На израелската страна загинаа седум лица, вклучувајќи два цивила.
Во јако артилериско гранатирање источно од градот Газа денеска загинаа најмалку шест лица, изјави портпаролот на палестинското Министерство за здравје Ашраф ал Кидра за АФП.
Во еден артилериски удар на квартот Шеџаију загинаа жена, две деца и син на високо официјално лице на Хамас Калиа ал Хај. Бројот на жртви драстично расте пред посетата на регионот генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и додека се зголемуваа дипломатските напори да се воспостави прекин на огнот.
Паралелно со тоа се проширува и израелската операција со почеток на 8 јули со цел да се запре ракетирањето на Израел и Газа.
Во четвртокот вечерта, после десет дена воздушни удари и од море, започна копнената офанзива како би се уништиле тунелите ископани под границата со Израел, низ која се уфрлуваат екстремистите. Уште пред зори денеска во артилериски оган источно од градот Газа се убиени две деца, со што уште повеќе е зголемен и така високиот број на цивилни жртви.
Можеби ќе ве интересира
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица




