10 Декември, 2025
0.1685

ГАЗДА ПЛАТИЛ КАЗНА ОД 20.000 ЕВРА ЗА НЕШТО ШТО Е СОСЕМА „НОРМАЛНО“ КАЈ НАС! Инспекторите тајно влегле, а еве што виделе

Објавено во: Балкан 12 Февруари, 2025 12:35

Добивај вести на Viber

Пушењето во кафулињата, рестораните и другите угостителски објекти и покрај постоечкиот закон со кој се забранува пушењето на овие места, е сосема нормално, но угостителите сега се соочуваат со јасни правила кои ја ограничуваат потрошувачката на тутун во затворени простори. Иако некои кафулиња се обидуваат да најдат начини да ги задоволат своите гости, инспекторите во Хрватска внимателно следат кој го почитува законот, а кој не.

Овој пат цел на увидот било кафуле во Хрватска чиј сопственик скапо го платил прекршувањето на прописите. При увид, инспекторот фотографирал пепелници на затворена стаклена тераса, а неколку дена подоцна стигнала казна - дури 15.000 евра за угостителскиот објект и дополнителни 5.000 евра за сопственикот.

Иако казните се драстични, претседателката на Здружението на угостителски индустрии на Хрватската стопанска комора, Јелена Табак, тврди дека ваквата контрола не е изненадување.

-Инспекциите почнаа минатата недела во Загреб и во Сплит, а законот за ограничување на пушењето е на сила со години. За време на пандемијата, надзорот беше во втор план, но сега се врши детално“, објасни Табак.

Од Државниот инспекторат на Хрватска потврдуваат дека инспекциите се насочени кон сите угостителски објекти и потсетуваат дека законот јасно забранува пушење на затворени јавни простори. Исклучоци постојат, но под строги услови - посебните простории за пушење мора да бидат целосно одвоени, со соодветна вентилација и без сервирање храна и пијалоци.

Според податоците на Инспекторатот, неправилности се констатирани во повеќе од половина од контролите спроведени годинава. Казните воопшто не се безопасни - за правни лица може да достигнат и до 20.000 евра, додека за одговорните лица се предвидени казни до 2.000 евра. Оние кои ќе ја добијат оваа казна имаат можност да поднесат жалба или да платат намалена казна во рок од осум дена.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“

Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“

Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС

Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС

ПОВТОРНО БЛОКАДА ВО ГРЦИЈА: Еве кој период ќе бидат затворени граничните премини

ПОВТОРНО БЛОКАДА ВО ГРЦИЈА: Еве кој период ќе бидат затворени граничните премини

Албанија ќе отвори уште 20 прифатни центри за мигранти

Албанија ќе отвори уште 20 прифатни центри за мигранти

АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТАТА ВО ИСТАНБУЛ - патниците се безбедни, но пистата останува затворена (ВИДЕО)

АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТАТА ВО ИСТАНБУЛ - патниците се безбедни, но пистата останува затворена (ВИДЕО)

ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден

ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден

„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС

„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС

(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија

(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија

Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!

Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!