26 Ноември, 2024
0.0348

ГАЗДИТЕ ПАНИЧЕА И МОЛЕА ЗА РАБОТНИЦИ, А НОСЕВМЕ И ОД СТРАНСТВО - но дали сега има обратен тренд, во декември невработеноста се зголеми за три илјади

Објавено во: Економија 23 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Што се случува на пазарот на труд во земјава? Ова прашање се поставува откако во декември дојде до сосема спротивен тренд во поглед на бројот на невработени лица од сето она што се случуваше во претходните месеци и години, практично откаоко индустриите закрепнаа од големиот корона удар, односно неработењето предизвикано од локдауните кои ги наметнаа властите со цел да се заштити здравјето на граѓаните.

Како што е познато, долг период наназад и бројката и стапката на невработени се намалуваше, а голем број од македонските компании и работодавачи панично нагласуваа дека им недостигаат работници, поради што и се иницираше и увоз на работна сила од странство, на пример од Филипините и други држави од каде што таа можеше да се обезбеди.

Но, податоците на Агенцијата за вработување за декември покажуваат нешто сосема различно од насоката по која бројката на невработени се движеше во претходните месеци, односно за прв пат после подолг период имаме зголемување на невработените, и тоа воопшто не малку, туку за близу три илјади лица. Дали станува збор за привремено и моментално изместување на пазарот или за некој тренд кој би можел да продолжи и во иднина, останува да ги почекаме податоците за јануари оваа година кога тие ќе бидат објавени од Агенцијата за вработување.

Спортед овие показатели, во декември лани бројот на лица кои бараат работа изнесувал 105.452 лица. Оваа бројка сама по себе и воопшто не е толку страшна, но загрижува фактот што таа следува по постојани падови на линијата на невработените надолу, што се случуваше постојано секој месец.

За работите да станат појасни, ќе претставиме како се движеле бројките на невработеност во текот на целата мината година. Имено, 2023 година сме ја стартувале со 111.896 невработени, што беше и дополнително намалување во споредба со претходната година, како што економијата закрепнуваше од корона кризата. Следуваше февруари кој заврши си 110.506 невработени, што значеше ново намалување. Во март беше регистрирано дополнително спуштање на бројот на невработените на 108.675 лица, додека во април имаше уште едно и нова пониска бројка од 107.588 невработени. Во мај имаше благ пораст, но тој беше сосема незначителен и не многу вреден за споменување, па невработеноста дојде до 107.744 лица, а веќе во јуни таа бројка пак се намали и стигна до 107.049 лица. Јули било регистрирано ново позначајно намалување на 105.948 лица, а во август имло ново снижување на 104.729, за во септември да има благ пораст, на 105.357 луѓе евидентирани како невработени.

Сепак, во октомври работите тргнуваат одлично, односно бројката на невработени се намалува на 103.147 луѓе, за во ноември да има нов пад, на 102.744 лица. И наместо невработеноста да дојде до 100 илјади или под 100 илјади какви што нивоа се очекуваа, декември донел раст на невработеноста на 105.452 лица. Или, за само еден месец, последен од минатата година, невработеноста се зголемила за 2.708 лица.

Како дојде до пораст за три илјади лица во еден месец треба да кажат надлежните, но се поставува прашањето дали дојде до промени на пазарот на труд кои не се во корист на работниците. Бидејќи, секој пораст на невработените лица, за нив создава понеповолни услови кај работодавачите, бидејќи се зголемува понудата на работна сила.

А, се најавува и една новина која е на страната на работничката класа, односно граѓаните од земјава, Србија и Албанија ќе добијат слободен пристап до пазарот на трудот во овие три земји, за што вчера се потпишаа Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан.

Со овие протоколи завршени се неопходни правни чекори за почеток на мерката, со што останува да се реализираат уште финалните технички тестирања и усогласувања во рамки на системите за е-услуги во трите држави. Се очекува мерката да стане достапна за граѓаните во текот на март 2024 година.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата