28 Септември, 2024
0.0256

Газпром со нов рекорд на извозот на гас за Европа

Објавено во: Економија 12 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Газпром шести пат оваа есен забележа историски дневен максимум на извозот на гас за Европа. 

На 11 ноември, вчера, се доставени 597,9 милиони кубни метри, се наведува во соопштението на компанијата. 

Зголемувањето во однос на 10 ноември, кога беше поставен претходниот рекорд (591,7 милиони кубни метри) е 6,2 милиони кубни метри.

Според податоците на Газпром за периодот јануари-октомври 2016 година испораките за странство (земјите надвор ЗНД) се зголемиле за 10 проценти на годишна основа или со 13,05 милијарди кубни метри.

За Германија резервите се зголемиле за 7,5 проценти (2,75 милијарди кубни метри), за Велика Британија - со 54,6 проценти, за Франција - со 20,4 проценти, за Австрија - со 27,5 проценти, за Грција - со 47,3 проценти, за Холандија - со 91,8 проценти, за Данска - со цели 149,4 проценти, за Полска - со 16,7 проценти.

Во 2015 година гас холдинг го зголеми извозот за Европа со 8 проценти до 159,4 милијарди кубни метри.

Претходно шефот, Алексеј Милер изјави дека оваа година извозот може да надмине 170 милијарди кубни метри, а не ја исклучи можноста и следната година да бидат задржани високите количини. 

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија