06 Декември, 2025
0.0373

Геј парада и контра-геј протест во Скопје

Објавено во: Мои пари 22 Јуни, 2013 14:00

Добивај вести на Viber

Со дискусија на тема „Здравствени права на транс лицата“ и со проекција на кратки видеа за транс луѓето во Македонија во ЛГБТ Центарот за поддршка во Стара чаршија, од денеска официјално ќе почне „Неделата на гордоста “која ќе трае до 27 јуни.

Зад организацијата стојат Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и ЛГБТ Јунајтед во соработка со ЛГБТИ центарот за поддршка и ЛезФем.

Организаторите велат дека „Неделата на гордоста“ ја организираат како симболично одбележување на „Stonewall“ бунтот и на 27 јуни како интернационален ден на гордоста на лезбејките, геј мажите, бисексуалците и трансродните.

Неделата на гордоста вклучува неколку настани, дебати и филмски проекции поврзани со различни прашања кои се од интерес на ЛГБТ луѓето во Македонија.

Меѓутоа на социјалните мрежи група под името „Еден татко, една мајка“ организира и повикува на протести против идејата за геј-парада во Скопје кои треба да се одржат денеска со почеток во 14 часот пред Соборен храм „Св. Климент Охридски“.

Во најавата се изнесени хомофобни и дискриминаторски пораки кои апелираат на осуда и омаловажување на геј луѓето, а досега 500 луѓе го потврдиле своето присуство.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј