27 Ноември, 2024
0.0271

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Поволните податоци за инфлацијата во САД одржаа позитивна атмосфера на берзите

Објавено во: Економија 22 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал.

Поволните податоци за инфлацијата во САД одржаа позитивна атмосфера на берзите

Позитивната динамика на берзите се задржа и изминатата недела, со нови охрабрувачки податоци за инфлацијата. Септемврискиот и октомврискиот пад се речиси целосно поништени, а најследените берзански индекси се блиску до највисоките нивоа оваа година, гледано во долари. Гледано во евра, растот беше помал, бидејќи еврото минатата недела порасна и се приближи до вредноста од 1,09 американски долари за евро.

Во САД, во преден план беа свежите податоци за инфлацијата, кои покажаа дека во октомври повторно падна по три месеци и изнесуваше 3,2%, мерено со CPI. За намалувањето најмногу придонесоа пониските цени на енергетските производи, предводени од моторните горива. Нешто побавно, но сепак упорно, се намалува и базичната инфлација (без влијанието на движењето на цените на храната и енергетските извори), која изнесуваше 4% на годишна основа. Вреди да се споменат и интересните наоди од годишното истражување за еден од најголемите американски празници, вечерата за Денот на благодарноста, спроведена од Министерството за земјоделство на Соединетите држави. Традиционалната вечера во САД, која се слави четвртиот четврток во ноември, оваа година ќе чини во просек 61,17 долари, што е за 4,5% помалку од минатата година, но сепак значително повеќе отколку во 2021 година. Тогаш Американците за гозбата на која не смеат да изостават пита од мисирка, компири и тиква, морале да издвојат просечно 53,31 долари. Додека поголемиот дел од инвеститорите на американската берза се задоволни со најновите податоци за заладувањето на ценовните притисоци, американските трговци не се задоволни. Акциите на најголемиот од нив, Walmart, се лизнаа за повеќе од 8% по објавувањето на кварталните резултати, поради послабата прогноза и поради падот на цените на некои артикли и зголемената претпазливост на потрошувачите. Сезоната на објава на резултати во САД во глобала помина позитивно, добивките на најголемите американски акционерски компании севкупно остануваат над очекувањата.

Бараните приноси на обврзниците дополнително се намалија

Пред нешто повеќе од три недели, бараните приноси на најследените европски државни обврзници беа на највисоко ниво, што дополнително го зголеми притисокот врз европските акции и загриженоста за повисоките трошоци за отплата на долгот. Но, само малку поохрабрувачките податоци поврзани со инфлацијата беа доволни за расположението на европските берзи значително да се подобри во последните три недели. Бараниот принос на 10-годишната германска државна обврзница, која во октомври беше блиску до 3%, падна на околу 2,6%, а на сличната италијанска обврзница од 5% на 4,36%. Падот на бараните приноси на обврзниците поволно се одрази врз европските берзански индекси.

Четиричасовна средба меѓу Бајден и Кси во Сан Франциско

Кога кинескиот претседател Кси и Американецот Бајден се сретнаа на Бали пред 12 месеци, некои експерти предвидоа дека средбата на индонезискиот архипелаг може да претставува позитивен пресврт во прилично нестабилните односи меѓу суперсилите во последните години. Но, само два месеци подоцна, инцидентот со кинеските (наводно шпионски) балони во САД значеше нов голем чекор назад во односите меѓу глобалните водечки сили на југот и западот. Во меѓувреме, обемот на бизнисот меѓу земјите е намален, САД го ограничи извозот на напредни чипови во Кина, а во спротивна насока се воведоа ограничувања на извозот на некои суровини. Стрели беа испукани и на геостратегиско ниво, особено во однос на Тајван. Сепак, минатонеделната средба меѓу Кси и Бајден помина во релативно добра атмосфера. Меѓу другото, двајцата претседатели се согласија да ја обноват комуникацијата меѓу двете војски, а Кина ќе го ограничи производството и извозот на опиоидниот фентанил, главниот виновник за порастот на епидемијата на дрога во САД. И покрај се, двете земји остануваат природни ривали со различни позиции во многу важни области, така што не треба да се очекува голем позитивен пробив во односите, барем во блиска иднина. Евентуалниот реизбор на Трамп на претседателските избори следната година може да претставува дополнителен ризик за односите меѓу суперсилите.

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

Зголемувањето на каматите заврши. Инвеститорите се надеваат на брз пресврт во политиката на каматните стапки и на првите кратења што ќе резултираат веќе напролет. Но, овие очекувања се веројатно премногу оптимистички и каматните стапки очигледно ќе останат повисоки уште долго време. Инфлацијата се смирува, пазарот на трудот останува силен, економската активност забавува, но глобалната економија останува во зоната на раст, главно поради услугите. Глобалните и американските технолошки акции се скапи и ова е главната причина зошто остануваме внимателни со инвестициите во акции, иако најновите деловни податоци ги поддржаа сегашните нивоа на акциите. Инвестициите во обврзници, главно поради врвот во циклусот на зголемување на каматните стапки и придвижувањето кон област каде приносите на обврзниците ќе бидат повисоки од инфлацијата, добиваат на привлечност. Неопходно е да се задржи долгорочен пристап со периодично зголемување на инвестициите. Глобалното диверзифицирано портфолио со комбинација од акциски фондови како што Генерали Топ БрендовиГенерали Америка и паричниот фонд Генерали Кеш Депозит, го нуди најдобриот одговор на зголемените вреднувања од една страна и забавувањето на глобалната економија од друга страна. Комбинацијата на вложувања во обврзници и акции во моментов ја претставува вистинската комбинација на принос и безбедност. Здравствениот сектор е поволно вреднуван, а во исто време се појавуваат некои добри приказни, како што е влез на вештачката интелигенција во здравството и лекот за дебелината. Иако технолошките акции се високо вреднувани, тие претставуваат остров на раст и со тоа остануваат привлечни за инвеститорите во оваа средина на успорување на глобалниот раст, бидејќи со позитивните приказни како вештачката интелигенција, тие претставуваат основа на идниот раст на економијата и берзите. Од статистичка гледна точка, кинеските акции остануваат атрактивни, но во последниве недели се акумулираат толку многу негативни вести што е малку веројатен брз пресврт на трендот, па затоа ја намалуваме препораката и во исто време оценуваме дека инвестициите во другите акциски фондови или обврзници во моментов нудат поатрактивен инвестициски профил.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката