05 Декември, 2025
0.0299

Генетски модифицираната храна влегува во регионот, Србите денеска на протест!

Објавено во: Агробизнис 29 Ноември, 2012 09:59

Добивај вести на Viber

Организацијата „Стоп за ГМО во Србија“, ги повика граѓаните на протест против одлуката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со 40 милони долари да го поддржи ширењето на Монсанто во Србија и земјите во регионот. Протестот е закажан за денеска, четврток во 16 часот во Нов Белград пред зградата на ЕБОР. Преку овој проект кој плнира да го одобри и финансира ЕБОР, на Монсанто му се овозможува да ги прошири своите бизниси со давање кредити за земјоделците, кои пак ќе им овозможат на повеќето земјоделци да ги користат производите на Монсанто, како што е генетски модифицираниот семенски материјал. „Ги покануваме сите совесни луѓе во одбрана на нашето земјоделски производители на кои овој проект ќе им понуди кредит и должничко ропство поради што ќе мораат да ги купуваат семињата на Монсанто“, стои во повикот. Совесните граѓани на Србија не сакаат Монсанто да ги наметне на овој начин своите производи на српските селани.  Улогата на ЕБОР не е да ја поддржат финансиски моќната компанија која веќе доминираше со своите семиња во светот и на агрохемискиот пазар, велат од Организацијата „Стоп за ГМО во Србија“. „Европската банка за обнова и развој наведува дека како своја цел го има промовирањето на приватниот сектор во земјите во развој. Како тогаш давањето пари на една од најбогатите компании во светот се вклопува во целта на оваа Банка? Она што нас не загрижува е тоа што ЕБОР тврди дека преку својата поддршка на Монсанто ја зголемува безбедноста на храната. Меѓутоа, вистината е дека моделот на земјоделството кои го промовираат Монсанто е базирано на хемикалии, монокултури, генетски модифицирани организми и создава маргинализација на малите семејни фарми што на крај резултира во сосема спротивна насока : намалување на безбедноста на храната“, пишуваат српската организација. 157 НВО-а од целиот свет,  оваа недела испратија писмо до менаџментот на  ЕБОР  во кое наведуваат дека се против финансиската поддршка за Монсанто и ја повикаа банката, наместо да промовира индустриското производство, да ги  поддржи малите фарми со кои се зачува биодиверзитетот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?