11 Април, 2025
0.0552

Геноцид врз домашните фирми со замрзнатите цени на зејтин и леб! Кој направи загуба од 190.000 евра за еден месец?

Објавено во: Економија 21 Април, 2022 07:42

Добивај вести на Viber

Резултат од владината мерка за замрзнати цени на зејтинот е загуба „во супстанца“ од 190.000 евра за само еден месец на прилепска „Витаминка“ – втор најголем производител на зејтин во земјава! И капак на се е тоа што вчера министрите Бектеши и Николовски во „посета“ на велешки „Кристал“ на јавноста и порачаа дека нивните мерки биле успешни, но литар зејтин ќе чини од 120 до 150 денари, тоа е!

Поразителни за домашните прехранбени компании се резултатите кои дојдоа по замрзнувањето на цените на лебот и зејтинот (мерка која важеше од почетокот на декември 2021 година па до крај на февруари 2022 година). Нути граѓаните не се задоволни од мерките кои беа преземени за заштита на нивниот стандард. Во бројните телевизиски анкети во овој период најбројни беа поплаките дека не може да се најде масло по цени пониски од 90 денари за литар и бројни анкетирани лица беа револтирани затоа што цените за литар сончогледново масло надминуваа 110 денари за литар. Тоа направи стампеда по маркетите, а во еден случај медиуми известуваа и за физичка пресметка меѓу купувачи и продавач во еден од маркетите на КАМ.

Мерките на Владата, предложени од Министерството за економија направија „цунами“ во домашното производство на масло за јадење и на леб. Еве што пишува во извештај на најголемата домашна прехранбена компанија „Витаминка“ за периодот во кој Министерството за економија предложи, а Владата пресече со замрзнување на малопродажните цени (цитираме) „ ... загубата која се бележи од продажбата на маслото за јадење ‚Брилијант' како последница на Одлуката на Владата да се замрзнат малопродажните цени на маслото од 1.12.2021. Тоа замрзнување траеше се до крајот на февруари, но и до средината на март 2022 година, во кој период работевме со големи загуби од продажбата на маслото за јадење. Само за февруари таа загуба изнесуваше околу 190.000 евра“.

Засега нема официјални податоци од другите два домашни производители на зејтин: велешки „Кристал“ и „Ал-Макс“ од Струмица, но сигурно е дека и овие компании книжеле загуба во работењето во периодот на замрзнатите малопродажни цени на маслото за јадење.

Можеби и полоша е состојбата кај домашните пекарници од кои за жал нема достапни официјални квартални резултати. Информациите кои ги добиваме од директните разговори со менаџери на пекарници за леб се застрашувачки. Во најкратки црти вака ја објаснуваат состојбата:

„Како да го мотивираш трговецот на мало да продава кога Владата не му дозволува да наплати трговска маржа од продажбата на лебот на рафтовите. Токму тоа што не може да наплати трговска маржа за лебот ги мотивира да ги држат подолго парите што ги наплаќаат од малопродажба на лебот. Всушност работат со наши пари, а ние немаме механизни како да го наплатиме лебот во нормални рокови. Од друга страна притискаат зголемените цени на нафтените деривати, брашното и струјата. Ситуацијата е многу потешка од таа што ја даваат министрите кои ги носат мерките“, велат извори на „Фактор“.

Што е ефектот од вчерашната посета на министрите за економија и за земјоделство Крешник Бектеши и Љупчо Николовски на велешки „Кристал“ најголемиот производител на зејтин? Неминовно е дека и „Кристал“ е зијан од замрзнатата цена на зејтинот. Но откако министрите се пофалија од мерките сепак слушнаа дека на рафтовите овој прехранбен продукт ќе чини од 120 до 150 денари за литар. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ СО АЛЕКСАНДАР САРЏОВСКИ, ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ЕДС: Нов менаџмент, стабилност и перспективи на енергетскиот пазар

ИНТЕРВЈУ СО АЛЕКСАНДАР САРЏОВСКИ, ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ЕДС: Нов менаџмент, стабилност и перспективи на енергетскиот пазар

Битолски „Пелистер“ се враќа во рудниците на РЕК Битола, по долго време го доби првиот тендер

Битолски „Пелистер“ се враќа во рудниците на РЕК Битола, по долго време го доби првиот тендер

СТАНОВИТЕ СТАНУВААТ НЕИЗБЕЖНА „ИНВЕСТИЦИЈА“ – масовно се купува имот, лани свртени над 1 милијарда евра на пазарот на недвижнини

СТАНОВИТЕ СТАНУВААТ НЕИЗБЕЖНА „ИНВЕСТИЦИЈА“ – масовно се купува имот, лани свртени над 1 милијарда евра на пазарот на недвижнини

КАКОВ ПРЕСВРТ! Откритие што целосно го менува светскиот поредок во борбата за ретките метали

КАКОВ ПРЕСВРТ! Откритие што целосно го менува светскиот поредок во борбата за ретките метали

КИНА СЕ ПОТСМЕВА СО ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Капите „Да ја направиме Америка голема пак“ се „мејд ин Чајна“, само сега се поскапи

КИНА СЕ ПОТСМЕВА СО ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Капите „Да ја направиме Америка голема пак“ се „мејд ин Чајна“, само сега се поскапи

Димитриеска-Кочоска oд Делфи: Ова е крајот на глобализацијата, од одлуките за царините најмногу ќе трпат САД

Димитриеска-Кочоска oд Делфи: Ова е крајот на глобализацијата, од одлуките за царините најмногу ќе трпат САД

ГОЛЕМ ГЕРМАНСКИ БРЕНД ЗАТВОРА ДВЕ ФАБРИКИ - засегнати околу 500 вработени, дел од производството го селат во соседни земји

ГОЛЕМ ГЕРМАНСКИ БРЕНД ЗАТВОРА ДВЕ ФАБРИКИ - засегнати околу 500 вработени, дел од производството го селат во соседни земји

ТРАМП СТОПИРАШЕ, ПА ЕУ СТОПИРАШЕ: Нема царини во следните 90 дена

ТРАМП СТОПИРАШЕ, ПА ЕУ СТОПИРАШЕ: Нема царини во следните 90 дена

КОГА ДИРЕКТОРИТЕ ВЕРУВААТ ВО КОМПАНИЈАТА, А ИМА И ЗОШТО - еве со колку акции се стекнаа членовите на Управниот одбор на „Алкалоид“

КОГА ДИРЕКТОРИТЕ ВЕРУВААТ ВО КОМПАНИЈАТА, А ИМА И ЗОШТО - еве со колку акции се стекнаа членовите на Управниот одбор на „Алкалоид“