Георгиевски и Бошковски на избори со заеднички пратенички листи
Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2016
Политичкиот двоец Љубчо Георгиевски и Љубе Бошкоски на претстојните избори 11 декември ќе настапат со заеднички пратенички листи.
Како што пренесе 24 вести и двајцата лидери ја потврдиле информацијата а договореното треба и формално да помине во нивните партии, но и од Обединети за Македонија и од ВМРО НП велат дека тоа нема да биде проблем.
Оваа соработка е многу битна, бидејќи ние ќе го обединиме јадрото на вистинското ВМРО. Соработката засега е во почетна фаза и таа треба и формално да помине на органите во двете партии но тоа нема да биде проблем, - изјави за 24 вести Љубе Бошкоски.
На истиот став и од ВМРО НП – Оттаму за 24 вести велат дека мнозинството во партиајат е за опозициско коалицирање, а договорот со Бошкоски е првиот чекор за тоа.
Повеќе читајте овде.