Георгиевски: По изборите мора да се мисли за евроинтеграцијата
Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2016
Лидерот на ВМРО Народна партија и екс премиер, Љупчо Георгиевски вечерва во Топ тема на Телма изјави дека по изборите мора да се мисли за евроинтеграцијата на земјата.
„Овие два проблеми со Грција, а пред се со Бугарија треба да бидеме свесни дека не го решава ниту еден човек, ниту една партија. Мора сите да бидат свесни, дека мора да бидат вклучени сите партии, и албански, интелектуалци, новинари. По овие избори не смееме да ја оставиме нашата евроинтеграција. Не можеме да викаме ова е ништо, нас ова не нè интересира. Ова е главната дебата која треба да ја имаме во Македонија. Патриотизмот е да бидеме економски јаки, да имаме мир затоа што гледаме како држави постари, појаки се распаѓаат“ – изјави Георгиевски.
Вели дека оваа формула со патриотизмот и не давање на името поминува кај народот и носи гласови.
На прашањето дали се кае што наследник му станал Никола Груевски рече дека бил во тоа време под притисок, и од домашните медиуми и од меѓународниот фактор и затоа се повлекол од лидерската позиција.