Георгиевски: Проблем беа листите, не дали ќе се коалицира со ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2016
Лидерот на ВМРО Народна партија и екс премиер, Љупчо Георгиевски вечерва во Топ тема на Телма изјави дека немало некакво барање по изборите да не се коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.
Вели дека проблем во преговорите со другите партии биле листите за пратеници. За неговата изјава деновиве дека е можно да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ вели дека е кажана повеќе на шега, но ако добијат ветер во грб од гласачите ќе размислуваат што понатаму.
„Ајде да потпишеме и СДСМ нека потпише дека по изборите нема да оди во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Што ако странците бараат широка коалиција?“ - рече Георгиевски.
Вели дека деновиве имало многу шпекулации во медиумите, но потенцира дека тој ништо не му должи на СДСМ, и дека ВМРО-НП е посебен политички субјект.
Георгиевски дека може да помогне за решавање на отворените прашања со Грција, и Бугарија.
„Останав во добри односи со некои политичари во Грција и Бугарија. Можам да искористам дел од тие врски за да Македонија оди напред. Сите наши соседи одат напред, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, а ние останавме последна црна дупка“ – рече Георгиевски.
Додава дека во Македонија треба да се внесе дух на помируање, затоа што две години има криза.