Герасимовски: Пристигнуваат секакви барања за „Треска“
Објавено во: Македонија 19 Април, 2022 09:19
Горан Герасимовски, градоначалникот на Центар, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека во општината се сумираат разните типови на барања за дозволи кои изминатиот период пристигнуваат, по пожарот во кругот на поранешната фаврика „Треска“ која се наоѓа на атрактивна локација.
- Таму во моментов има постоечки ДУП со голем број на парцели. Досега немаме дадено ниту една дозвола. До општината стигаат барања и за отстранување на одредени објекти, барања за легализација на објекти, за легализација и откуп на земјиште на легализирани објекти. До сега општината ги прима сите барања и полека ќе постапува по истите. Во овој момент чекаме и насока од страна на Основното јавно пбвинителство за да знаеме како понатаму ќе постапуваме и за самите предмети, како и за расчистување на теренот на „Треска“, изјави Герасимовски.
Во локалната самоуправа вчера состанок одржал и кризниот штаб, а од полицијата добиле одговор дека увидот е завршен и се чека записникот од ОЈО и МВР да се достави до општината и да се види дали истиот е подметнат.
- Јас кажав дека првично треба да го расчистиме самиот терен.Од страна на општинските инспектори за животна средина, заедно со инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина и Министерството, направено е увид неколку пати на површината на „Треска“ каде што гореа самите бараки, за да се увиди за каков материјал станува збор и дали истиот е штетен по здравјето на граѓаните. Пред се, ние битно тоа, на самата површина, доколку има, штетен материјал, истиот да се отстрани, рече Герасимовски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




