Герасимовски: Ве повикувам во вториот круг да се обединиме и заедно да ја продолжиме визијата за развој
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2025 23:36
Кандидатот на СДСМ за градоначалник во Центар, Горан Герасимовски се огласи на социјалните мрежи.
Тој објави фотографија и напиша „Победнички Центар“.
„Благодарен сум што граѓаните на Центар, како и секогаш, одлучија да излезат на изборите и да донесат вистинска одлука. Центар денеска вистински победи. Сакам од срце и искрено да се заблагодарам на сите граѓани кои ја дадоа поддршката за мене и мојот тим. Денес извојувавме убедлива победа. Победивме во 95 отсто од избирачките места. За мене е огромна чест, признание и огромна одговорност и обврска. До сите што се двоумеа или имаа дилеми – време е истите да ги надминеме. Ве повикувам во вториот круг да се обединиме и заедно да ја продолжиме визијата за развој на Центар. Центар што го сакаме е реалност и Центар што граѓаните го сакаат победи денес. Ќе победи и за две недели. Центар е и ќе остане во рацете на граѓаните, во сигурни раце“, рече Герасимовски.
Според последните податоци од Државната изборна комисија од 45 отсто обработени избирачи, Герасимовски има 3.716 гласови, а зад него се Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ со 2.642 гласа, независната кандидатка Билјана Ивановска со 1.930 гласа и Марија Среброва од Левица со 952 гласа.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“





