31 Октомври, 2024
0.0262

ГЕРМАНЦИТЕ ПЛАЌААТ НАЈСКАПА СТРУЈА ВО ЕУ - на спротивниот крај Унгарија со тројно пониски цени

Објавено во: Економија 29 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Во првата половина на 2024 година, просечните цени на електричната енергија за домаќинствата во Европската Унија бележат мал пораст, од 28,3 евра за 100 киловат-часови (kWh) во втората половина на 2023 на 28,9 евра за 100 kWh. 

И покрај намалувањето на цената на енергијата, снабдувањето и мрежните услуги, кои беа намалени за два отсто во споредба со втората половина на 2023 година, вкупните цени се зголемија за два отсто бидејќи владите ги намалија субвенциите, таксите и даночните намалувања за потрошувачите и, според податоците од европскиот Завод за статистика, Евростат, вкупните даноци се зголемени за 16 отсто, во однос на втората половина од 2023 година. 

Споредено со првата половина од 2023 година, кога цената на струјата беше 29,4 евра за 100 kWh, цените во првата половина од 2024 година забележаа помал пад.

Просечната цена на гасот падна за седум отсто, во однос на истиот период во 2023 година, од 11,9 евра за 100 kWh на 11 евра за истото количество. Исто така, цените на бензинот се пониски за два отсто во однос на втората половина на 2023 година. Гледајќи ги истите цени без даноци, според Евростат, тие се намалиле за околу 12 отсто, пренесува Банкар.ме.

Во споредба со првата половина на 2023 година, учеството на даноците во сметките за електрична енергија е зголемено од 18,5 на 24,3 отсто, за 5,8 процентни поени, додека кај сметката за гас е зголемено од 22,8 на 27,4 отсто, што претставува раст од 4,6 процентни поени.

Највисоки цени на струјата вклучувајќи ги и даноците на домаќинствата во првата половина на 2024 година се забележани во Германија, каде што цената е 39,5 евра за 100 kWh, потоа Ирска со цена од 37,4 евра и Данска со цена од 37,1 евро за 100 kWh.

Најниска цена на струјата имаа унгарските домаќинства, со цена од 10,9 евра за 100 kWh, потоа Бугарија со 11,9 евра и Малта со цена од 12,6 евра. Хрватска има цена на струјата колку Малта, а заедно со Словачка е во петте земји од ЕУ со најниска цена на струјата, покажуваат податоците на Евростат.

Можеби ќе ве интересира

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 231,3 милиони евра, извоз од 157,7 милиони евра и со инвестиции од 16.5 милиони евра во периодот јануари – септември 2024г.

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 231,3 милиони евра, извоз од 157,7 милиони евра и со инвестиции од 16.5 милиони евра во периодот јануари – септември 2024г.

Владата тргнува во „пресметка“ со странските онлајн платформи за обложување

Владата тргнува во „пресметка“ со странските онлајн платформи за обложување

Разрешен Трајковски, поставен нов директор на Пазарен инспекторат

Разрешен Трајковски, поставен нов директор на Пазарен инспекторат

ОВА СЕ НАЈДОБРИТЕ КОМПАНИИ ЗА НАПРЕДУВАЊЕ ВО КАРИЕРАТА: Меѓу нив има многу познати но има и анонимни

ОВА СЕ НАЈДОБРИТЕ КОМПАНИИ ЗА НАПРЕДУВАЊЕ ВО КАРИЕРАТА: Меѓу нив има многу познати но има и анонимни

„МОЖЕБИ ЛУЃЕТО ОЧЕКУВАА ДРАСТИЧНО НАМАЛУВАЊЕ, НО НАШАТА ЦЕЛ БЕШЕ СТАБИЛИЗИРАЊЕ, ИНАКУ ЦЕНИТЕ ЌЕ БЕА ПОВИСОКИ“: Ристески вели мерката е одлично донесена

„МОЖЕБИ ЛУЃЕТО ОЧЕКУВАА ДРАСТИЧНО НАМАЛУВАЊЕ, НО НАШАТА ЦЕЛ БЕШЕ СТАБИЛИЗИРАЊЕ, ИНАКУ ЦЕНИТЕ ЌЕ БЕА ПОВИСОКИ“: Ристески вели мерката е одлично донесена

НОВ ШОК ДОАЃА ОД МАСК: Ја купува една од најголемите компании во светот

НОВ ШОК ДОАЃА ОД МАСК: Ја купува една од најголемите компании во светот

Ербап жена! Која Македонка за еден ден на берзата заработи 9,2 милиони евра?

Ербап жена! Која Македонка за еден ден на берзата заработи 9,2 милиони евра?

ДАЛИ НЕ ОЧЕКУВААТ НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВРЕМЕ НА ЕСЕНСКИТЕ ПАТУВАЊА? Влезот во ЕУ ги загрижи туристите

ДАЛИ НЕ ОЧЕКУВААТ НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВРЕМЕ НА ЕСЕНСКИТЕ ПАТУВАЊА? Влезот во ЕУ ги загрижи туристите

БРОЈОТ РАСТЕ: Koлку сезонци работат во Србија?

БРОЈОТ РАСТЕ: Koлку сезонци работат во Србија?