31 Октомври, 2024
0.0286

Владата тргнува во „пресметка“ со странските онлајн платформи за обложување

Објавено во: Економија 31 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Владата по забраната на домашните приредувачи на интернет игри на среќа, преку интервенција во „Законот за електронски комуникации“ ќе го забрани пристапот до странските онлајн обложувалници. Измените и дополнувањата се веќе најавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи. Предлогот ќе биде разгледуван од јавноста еден месец по што се очекува да се најде во Собранието.

Предлагач е Министерството за дигитална трансформација, а целта што треба да се постигне е „Регулирање на пристапот до користење на услуги и апликации преку јавни електронски комуникациски мрежи во случај на нелегално приредување игри на среќа“.

- Евидентно е масовното приклучување на нелегални интернет платформи за приредување интернет (онлајн) игри на среќа од страна на граѓаните, одлив на девизни средства од државата кон странство и не почитување на законската забрана утврдена во член 19 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри којашто ги ограничува нашите граѓани за учество во игри на среќа на странски веб страници за онлајн игри на среќа, коментира предлагачот во најавата на самата платформа.

По она од што претходно го најави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се очекува со овие измени и дополнувања преку Агенцијата за електронски комуникации да се забранат странските домејни, кои приредуваат игри на среќа. АЕК ја регулира работата на мобилните оператори во земјата и се очекува ова тело да им наложи на интернет провајдерите во континуитет да обезбедат недостапност на странските платформи за обложување за граѓаните во земјата.

Андоновски рече дека пред еден месец веќе бил одржан состанок со Агенцијата за електронски комуникации, Марнет, претставници на телеком операторите и директорот на АД Државна Лотарија на кој се утврдени чекори како да се справат со нелегалното онлајн коцкање.

- Треба да најдеме методологија како да ги забраниме овие веб-страници во Македонија затоа што нивната нелегалност е јасна, утврдена со Законот, но нивното постоење тука е затоа што тие се регистрирани некаде во светот и лесно се пристапни за нашите граѓани. Имаме методологија, имаме правец, но ќе ми дозволите неколку дена за да излеземе со точни активности кои веќе сме ги преземале. Не сакам да зборувам пред преземањето на активностите, но веќе во Лотарија на Македонија се прават табели коишто утврдуваат кои точно веб-страници се најприсутни и каде најмногу се закачени нашите граѓани, на кои веб-страници најмногу се приредуваат тие нелегални игри на среќа. Страшниот дел е што и многу малолетници се вклучени, рече тој.

Во моментов рече Андоновски тогаш, постојат стотина странски веб страници, но најкористени се две кои се присутни и се користат во земјава.

-Во првата фаза ќе треба да се работи со овие 100 да се забранат, но потоа според дискусијата која што ја имаме со претставниците на Лотарија тоа ќе биде континуиран процес. Значи не може да се направи еднаш засекогаш, туку постојано ќе треба да се ажурира оваа листа и постојано да се информира АЕК и телеком операторите за да нешто се случува за да може после постојано да се движат кон забрана на овие нелегални приредувачи на игри на среќа. Ќе повторам, ако тие беа регистрирани во Македонија ова е кривично дело што го прават, но затоа што се регистрирани во странство не можете да видите кој е точниот приредувач и затоа мораме да одиме со забрана на пристап, подвлече министерот Андоновски.

Со најновата одлука на Владата, за онлајн обложување достапна ќе биде единствено една платформа, онаа на Државната лотарија, сите други ќе мора да престанат со работа. Според информациите, на домашните платформи, на кои со владина одлука им беше забрането да работат, регистрирани биле околу 80.000 илјади граѓани.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

НЕМА МАГИЈА, ИМА САМО ЗДРАВО И СТЕГНАТО РАБОТЕЊЕ - како УСЈЕ достигна профит од 25 милиони евра за девет месеци

НЕМА МАГИЈА, ИМА САМО ЗДРАВО И СТЕГНАТО РАБОТЕЊЕ - како УСЈЕ достигна профит од 25 милиони евра за девет месеци

ЛОВЦИТЕ НА ЗЛАТО ТРИЈАТ РАЦЕ: Ново откритие во Србија

ЛОВЦИТЕ НА ЗЛАТО ТРИЈАТ РАЦЕ: Ново откритие во Србија

Мицкоски: Ги молев „Бехтел и Енка“ кога бев во Вашингтон

Мицкоски: Ги молев „Бехтел и Енка“ кога бев во Вашингтон

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 231,3 милиони евра, извоз од 157,7 милиони евра и со инвестиции од 16.5 милиони евра во периодот јануари – септември 2024г.

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 231,3 милиони евра, извоз од 157,7 милиони евра и со инвестиции од 16.5 милиони евра во периодот јануари – септември 2024г.

Разрешен Трајковски, поставен нов директор на Пазарен инспекторат

Разрешен Трајковски, поставен нов директор на Пазарен инспекторат

ОВА СЕ НАЈДОБРИТЕ КОМПАНИИ ЗА НАПРЕДУВАЊЕ ВО КАРИЕРАТА: Меѓу нив има многу познати но има и анонимни

ОВА СЕ НАЈДОБРИТЕ КОМПАНИИ ЗА НАПРЕДУВАЊЕ ВО КАРИЕРАТА: Меѓу нив има многу познати но има и анонимни

„МОЖЕБИ ЛУЃЕТО ОЧЕКУВАА ДРАСТИЧНО НАМАЛУВАЊЕ, НО НАШАТА ЦЕЛ БЕШЕ СТАБИЛИЗИРАЊЕ, ИНАКУ ЦЕНИТЕ ЌЕ БЕА ПОВИСОКИ“: Ристески вели мерката е одлично донесена

„МОЖЕБИ ЛУЃЕТО ОЧЕКУВАА ДРАСТИЧНО НАМАЛУВАЊЕ, НО НАШАТА ЦЕЛ БЕШЕ СТАБИЛИЗИРАЊЕ, ИНАКУ ЦЕНИТЕ ЌЕ БЕА ПОВИСОКИ“: Ристески вели мерката е одлично донесена

НОВ ШОК ДОАЃА ОД МАСК: Ја купува една од најголемите компании во светот

НОВ ШОК ДОАЃА ОД МАСК: Ја купува една од најголемите компании во светот

Ербап жена! Која Македонка за еден ден на берзата заработи 9,2 милиони евра?

Ербап жена! Која Македонка за еден ден на берзата заработи 9,2 милиони евра?