18 Декември, 2025
0.0423

Германија бара работници, односот кон имигрантите драстично се менува

Објавено во: Свет 03 Март, 2013 19:47

Добивај вести на Viber

Новиот бран доселеници во Германија е многу поразличен од нивните претходници во 60-тите години на минатиот век, пишува германското списание „Spiegel“. Овој пат новодојденците не застануваат зад мијалниците во кујната на рестораните, туку ги облекуваат белите мантили во универзитетските лаборатории. Наместо да ја завршат работата, која Германците не сакаат да ја работат, дојденците се едуцирани и според „Spiegel“ тие веќе претставуваат елитен слој кој полека го менува ликот на имигрантите во цела Германија. „Новиот квалитет на имигрантите ни е пратен од Бога“, вели министерот за труд, Урсула фон дер Лаен за „Spiegel“. „Тие и помагаат на државата, ја помладуваат, ја прават покреативна и космополитска. Сите заработуваат. Младите луѓе заработуваат, бидејќи можат да започнат својата кариера, но исто така и нашето општество, бидејќи квалификуваните кадри ги пополнуваат отворените позиции", посочува Лаен. Германија страда од прогресивно старење на населението. Математиката е едноставна, економската сила на земјата може да биде поддржана само ако дојденците се побројни од оние кои си заминуваат, а ги има по 400 илјади луѓе секоја година. Тоа треба да трае неколку години, велат од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Во спротивно, работната сила ќе се намали толку многу што во 2025 година во земјата ќе недостасуваат 5.5 милиони подготвени работници. Овој недостаток се чувствува уште денес во најразвиените германски региони - три од четири мали и средни компании имаат проблеми во пронаоѓањето на професионалци, покажуваат податоците на германската асоцијација на стопанските комори и индустријата. Една од секои три компании одбива работа бидејќи нема доволно работници, истакнуваат од федералната асоцијација на малите и средните претпријатија. Германија бара работници До неодамна во Германија се гледаше со отпор кон имигрантите, вели експертот Клаус Баден за „Spiegel“ и додава дека сега тоа почнува да се менува. Во Хамбург е формиран специјален центар „Добредојдовте" за новите имигранти, каде различни бирократски услуги се вршат на едно место. Речиси сите работници зборуваат англиски и ги поздравуваат посетителите со ракување наместо со традиционалното „земете си бројче и почекајте."  

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина