31 Март, 2025
0.0393

ГЕРМАНИЈА ГИ ЗАОСТРУВА УСЛОВИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ - ќе се укинува надоместокот доколку некој одбие работа

Објавено во: Економија 27 Март, 2025 10:40

Добивај вести на Viber

Во документот на работната група „Труд и социјала“ се планира голема промена во однос на граѓанскиот додаток (Бургергелд).

Според плановите на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) и СПД, не само што треба да се смени името, туку и условите за добивање помош да бидат значително построги. „Го трансформираме сегашниот систем на граѓански додаток во ново основно социјално осигурување за барателите на работа“, се наведува во документот, според извештајот на весникот „Билд“.

Понатаму се наведува дека од секој невработен во иднина ќе се бара активно да се труди сам да најде работа. Целта е вработените во агенцијата за вработување повеќе да не треба да „трчаат“ по корисниците, туку едноставно да им понудат „лично советување, поддршка и посредување при вработување“.

„За лицата кои се способни за работа и кои постојано одбиваат прифатлива работа, бенефитот целосно ќе биде укинат“, се наведува понатаму во документот. Но, предупредувањето веднаш следува: „При заострување на санкциите, ќе ги почитуваме одлуките на Сојузниот уставен суд“.

Друга важна промена се однесува на личната сопственост на корисникот - таа отсега па натаму ќе мора да се користи веднаш, без никаков преоден период (т.н. Karenzzet). Планирано е и канцелариите за невработени да добијат пристап до сите важни податоци за невработените, пишува магазинот Феникс.

Пословни.хр

Можеби ќе ве интересира

Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ

Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

Зголемување на минималната плата во Грција од 1 април

Зголемување на минималната плата во Грција од 1 април

ММФ прогнозира смирување на војната во Украина

ММФ прогнозира смирување на војната во Украина

Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска

Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска

САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС

САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС

ВМРО-ДПМНЕ го нападна и синдикалецот Деаноски: Платата му била 104.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ го нападна и синдикалецот Деаноски: Платата му била 104.000 денари

Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје

Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје