18 Декември, 2025
0.2605

Германија и Франција сакаат промени во планот на ЕК за имигрантите

Објавено во: Свет 01 Јуни, 2015 19:01

Добивај вести на Viber

Клучните земји членки на ЕУ Франција и Германија се спротивставија на новите предлози на ЕУ за помагање на Италија и Грција со приливот на имигранти, прнесени по Медитеранот.

Европската комисија излезе со план за квотна распределба на бегалци од Сирија и Еритреја во земјите членки на ЕУ во следните две години. Според овој систем Франција и Германија треба да ги присвојат повеќето од нив.

Министрите за внатрешни работи на Германија и Франција соопштија во порака дека во планот треба да се земат педвид и веќе направените напори од земјите членки во однос на меѓународната заштита и други форми на помош.

Подоцна оваа година Комисијата ќе предложи постојан систем со кој ќе се користи при голем прилив на бегалци, но министрите инсистираат тоа да „остане привремено и во вонредни случаи“.

Опширна дискусија е потребно на европско ниво, за да се добие рамнотежа помеѓу „одговорноста“ и „солидарноста“, се вели во заедничкото соопштение на двајцата министри за внатрешни работи.

Минатата недела ЕК побара земјите членки да прифатат 20 илјади бегалци. Распределбата ќе се базира на комплексни правила: бруто национален производ; население, ниво на невработеност и бројот на прифатените бегалци.

Но Париз и Берлин најавија дека дополнителна солидарност е можна само ако земјите-членки прво, со поддршка на европскиот буџет, ги преземаат сите можни правни и финансиски мерки за проширување на следењето на надворешните граници.

Франција и Германија предлагаат изградба на т.н. „жешки точки“ за да се одржува процес на утврдување на идентитетот на имигрантите и да се решава каде да бидат испратени. Местата ќе се во близина на надворешните граници на ЕУ.

Дел од барателите на азил кои ја добиле потребната заштита ќе бидат распределени во други земји-членки, ако се користи договорениот сооднос за распределба.

„Неправилните имигранти“ брзо ќе бидат вратени, наведуваат двајцата министри.

Тие повикуваат на воспоставување на "подобри контакти со земјите каде се бегалците, за да можат да полесно да бидат вратени.

Берлин и Париз исто повикуваат за „решенија кои ќе ги ограничат секундарните движења на имигрантите“, бидејќи го ставаат под ризик споделувањето на товарот меѓу земјите членки на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина