ГЕРМАНИЈА ИМА НОВ ВАЖЕН ЗАКОН: Кој ќе го прекрши, може да биде казнет и до 50 илјади евра
Објавено во: Свет 14 Мај, 2023 08:11
Во петокот, Германија усвои закон за заштита на свиркачите, кој треба да помогне во борбата против корупцијата. Законот доби зелено светло од Бундестагот, по неколкумесечни преговори меѓу владејачката коалиција и конзервативната опозиција, пренесува dpa.
Германија го пропушти рокот за усогласување со регулативите на Европската унија и се соочува со веќе започната постапка.
Претставничкиот дом, Бундестагот, за волја на вистината, го усвои законот на крајот на минатата година, со мнозинството од владејачката коалиција.
Бундестагот, сепак, е под контрола на опозициската Христијанско-демократска унија, која оцени дека тогашниот предлог претставува преголем финансиски товар на малите бизниси.
Двете страни повикаа помош од комисијата за посредување меѓу двата дома, и на крајот се договорија за текстот што беше изгласан во петокот, пишува Феникс.
Покрај заштитата на укажувачите од вознемирување и отпуштање, законот бара од властите или компаниите да отворат канал за бесплатно пријавување на прекршоци, на пример, за неуспеси во заштитата на животната средина, злоупотреба на животни итн.
„Ова не е за инсинуации и озборувања, туку за брзо отстранување на сериозните недостатоци“, рече Бенџамин Штрасер, државен секретар во Министерството за правда, во својот завршен збор.
За прекршување на одредбите од новиот закон е пропишана максимална казна од 50.000 евра.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




