28 Септември, 2024
0.0245

ГЕРМАНИЈА НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ЈАГЛЕН, ЗАД НЕА ПОЛСКА И БУГАРИЈА - ЕУ пак се врти кон фосилното гориво!?

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Последните податоци од Европскиот статистички центар покражуваат дека енергетската криза повторно го врати во игра јагленот. Како што објавува „Евростат“, производството и потрошувачката на јаглен во текот на 2022 година повторно се зголемиле. 

- Во 2022 година, производството на јаглен во ЕУ се зголеми, достигнувајќи 349 милиони тони што е за 5 отсто повеќе во споредба со претходната година. Исто така, потрошувачката достигнала 454 милиони тони или 2 проценти повеќе. Ова враќање започна во 2021 година и главно беше поттикнато од лигнит, цврсто фосилно гориво со ниска енергетска содржина што припаѓа на поголемата категорија на кафеав јаглен - појаснуваат од „Евростат“. 

Тие прецизираат дека само во Европсакта унија се произведени 294 милиони тони кафеав јаглен во 2022 година, што е за 6 проценти повеќе од 2021 година.

- И покрај неодамнешното враќање, производството остана под бројките пред пандемијата во 2019 година. Денес, кафеавиот јаглен го произведуваат 9 членки на ЕУ, а Германија го презема водството како главен производител. Минатата година, Германија со 131 милион тони произведен јаглен, учествуваше со околу 44 проценти од вкупното производство на кафеав јаглен во ЕУ. Другите земји-членки кои произведуваат кафеав јаглен се Полска со 19 отсто, па Бугарија со 12 проценти, по што следува Чешка со 11 отсто, па Романија, Грција, Унгарија, Словенија и Словачка - нагласува Европстат во извештајот.

Од центарот посочуваат дека бројките за потрошувачка на лигнит и кафеав јаглен се многу слични со производството, бидејќи овие типови јаглен обично не се тргуваат, туку се користат дома за производство на електрична енергија. 

- Додека лигнитот ретко е главното гориво за производство на електрична енергија во земјите на ЕУ, тој е главен во неколку земји од Западен Балкан. Сепак, во последниве години, учеството на лигнитот во производството на електрична енергија се намали и во Западен Балкан со хидро и природен гас во пораст - се додава во извештајот.

Трендовите на користење тврд јаглен остануваат стабилни во 2022 година

Производството на тврдиот јаглен, категорија на јаглен со поголема енергетска содржина, во ЕУ достигна речиси 55 милиони тони во 2022 година. Во моментов, во ЕУ остануваат само два производители на тврд јаглен: Полска и Чешка.

- Потрошувачката на тврд јаглен во 2022 година достигна 160 милиони тони, 11 проценти помалку отколку во 2019 година. За разлика од кафеавиот јаглен, јагленот покрај производството на електрична енергија се користи и во други индустрии и затоа го тргуваат и трошат сите земји на ЕУ, освен Малта. Полска троши 38 отсто, а Германија 25 проиценти, со што овие две земји учествуваа со речиси две третини од вкупната потрошувачка на тврд јаглен во ЕУ во 2022 година, а потоа следат Италија, Холандија, Франција, Шпанија и Чешка - посочува „Евростат“ во последната анализа. 

За потсетување ЕУ се обврза дека до крајот на 2030 година сите европски централи на јаглен ќе мора да се затворат, за да се исполнат целите на Парискиот договор. 

Притоа, дури половина од централите на јаглен во Евопа ветија дека ќе бидат затворени уште пред крајот на 2030 година. 

Иако употребата на јаглен последните години нагло опаѓаше, пресврт направи војната во Украина и санкциите кон Русија. Русија е најголем снабдувач на европските земји со гас, гориво кое важи за помалку штетно за животната средина, а оттаму и поприфатливо од јагленот. Иако, многу планови беа насочени кон замена на јагленот со гас, влошувањето на комуникацијата со Русија ги намали и испораките на руски гас во еворпските земји, а оттаму и растот на употребата на јаглен низ Европа. 

Покрај ова, како што пишуваат големите светски медиуми деновиве, постои опасност Русија целосно да ја затвори една од последните артерии што носат руски гас во Европа.

Фајненшел тајмс предупреди дека со истекувањето на договорот за снабдување на Украина со Гаспром, се заканува и целосен прекин на испораките и кон земјите членки на Европската унија. 

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија