Германија: Нема зошто да разговараме за олеснување на грчкиот долг
Објавено во: Балкан 06 Јули, 2015 12:48
Германија изјави дека во моментов нема основа за разговори со Грција за нова спасувачка програма или отпишување на долгот.
Тоа го изјавил Штефан Заиберт, портпарол на германската канцеларка Ангела Меркел во изјавата пред новинарите, по одржувањето на вчерашниот референдум во Грција, на кој беа одбиени предложените реформи на доверителите.
„Во светлината на вчерашната одлука на грчкиот народ, нема основа за започнување на преговори за нова спасувачка програма“, додал уште Заиберт.
Во соопштението се вели дека Грција треба да дејствува ако сака да остане во единствениот монетарен сојуз. „Од Грција зависи да направи нешто околу тоа. Чекаме да видиме какви предлози ќе направи грчката влада на своите европски партнери“, дополнил тој.
„Не станува збор за луѓе, туку за позиции“, коментираат од Берлин по повод оставката на министерот за финансии Јанис Варуфакис.
Во однос на прашањата на Атина за преструктуирање на долгот, портпаролот на германското Министерство за финансии Мартин Јегер изјавил дека не гледа „причина за започнување на дискусии“ за тоа.
Денес министрите од Еврогрупата изјавија дека очекуваат нови предлози за реформи од Владата во Атина за време на состанокот во вторникот.
„Еврогрупата ќе разговара за ситуацијата по референдумот во Грција, кој се одржа на 5 јули 2015 година. Министрите очекуваат нов предлог од грчките власти“, се вели во соопштението на Еврогрупата.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




