ГЕРМАНИЈА ВО РЕЦЕСИЈА: Висат ли работните места на Македонците и другите Балканци?
Објавено во: Економија, Корона Вирус 04 Мај, 2020 06:53
Германија е во рецесија поради пандемијата со коронавирусот, а тоа може да се одрази на работните места на македонските граѓани кои се таму, но и на работниците од регионот кои заминале во Германија.
Пандемијата на коронавирусот ќе предизвика најголема рецесија на германската економија, по Втората светска војна, изјави министерот за економија и енергетика, Петер Алтмајер.
Нашинците во Германија, велат дека дали некој ќе го изгуби работното место ќе зависи од повеќе фактори, од професијата, искуството на работникот, компанијата. Раскажуваат дека многу луѓе кои биле пред истек на договорот за вработување, или нововработени, веќе ја изгубиле работата. Голем е бројот и на оние кои месец дена седат дома и чекаат состојбата да се нормализира и да продолжат да работат.
„Во OUTLETCITY Metzingen кој е еден од најпопуларните шопинг места во Европа со над 4 милиони посетители од 185 нации секоја година, начинот на секојдневното функционирање почна да се враќа во нормала. После повеќе од месец време почнавме да се враќаме на своите работни места. За жал имаше и многу колеги кои ги изгубија работните места поради кризата, но останатите бевме платени и до 100%“- изјави Тамара која живее и работи во Германија повеќе од две години.
Бројот на невработени во Германија ќе биде над 3 милиони.
Српски државјани кои работат во Германија велат дека на удар ќе бидат вработените во автомобилскиот сектор.
„Јас и мојот сопруг работиме без проблеми. Германија е во хаос, ќе има многу невработени. Што ќе биде понатаму не знаат ниту Германците, сите стравуваат. Прво работите ги пореметија мигрантите, а сега короната“, вели Србинка која живее и работи во Германија.
Дури во втората половина на оваа година, состојбата ќе биде делумно ублажена.
Поради кризата со вирусот, секој Германец ќе изгуби најмалку 2.600 евра.
Ваков пад на германската економија немало цели 40 години.
Сања Атанасовска* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





